Skip to main content

Posts

Буџетска сложувалка

Нови, но непланирани мерки за подобрување на социјалниот статус на неколку групи граѓани, се воведоа последниов месец. Таблети за ученици, зголемени плати за полицијата, социјална помош, стипендии и нови мерки за вработување..., мерки кои ќе го чинат буџетот најмалку 500 милиони денари, што изнесува околу 0,3% од вкупните расходи. Дискутабилно е дали овие средства се многу или малку, но потребно е да се знае какви ефекти ќе предизвикаат врз корисниците и од каде ќе се финансираат. Најавата за поголема социјална помош веројатно ќе израдува широка маса граѓани, но реално ова покачување нема да го реши проблемот со сиромаштијата, ниту пак ќе ги реши проблемите на сиромашните лица. Потребни се поструктурни промени како овозможување еднакви можности за најсиромашните, зголемување на нивната инклузија во општеството, поттикнување на нивната вработливост и градење вештини и најзначајно, зголемување на можностите за образование. Кај можностите за образование, наместо мерки фокусирани на ...

Војна на валути, кој добива а кој губи?

Вредноста на доларот во изминатиот период постојано расте. Јакнењето на американското стопанство, значително помалите загуби на работните места во однос на очекуваните во САД и лошите изгледи за пораст на другите валути од другите делови на светот ја зголемија вредноста на доларот. Истовремено, еврото слабее. Ова се должи на неколку фактори кои се случуваат во исто време. Прв фактор е тоа што Европската централна банка започна масивна програма на квантитативно олеснување. Тоа значи дека во следните 18 месеци 60 милијарди евра ќе бидат инјектирани во Европската економија. Овој потег ќе биде проследен со намалени референтни каматни стапки, како “битка” со дефлацијата во Еврозоната. Во истиот период кога Европската централна банка ја намалува референтната каматна стапка, Федералните резерви на САД водат монетарна политика каде таргетира повисока референтна каматна стапка. Да не го изоставиме еден од поважните виновници за падот на вредноста на еврото, тоа е Грција. Со тоа што беше пролон...

50 НИЈАНСИ НЕВРАБОТЕНОСТ

Според најновите податоци на Државниот Завод за Статистика, во последниот квартал од 2014 година, стапката на невработеност падна на рекордно најниско ниво од 27.6%. Стапката на вработеност изнесува 41.5% а стапката на активност 57.4%. Корицата на информацијава е полна со шаренило, но нејзината содржина е во 50 нијанси на црно. Тажно е што 27.6% е рекорд во најниска стапка на невработеност. Уште потажно е што стапката на невработеност на млади е речиси двојно повисока, 50.4%. Според властите, стапката на невработеност се намалила како резултат на владините активни мерки за намалување на невработеноста. Нели овие мерки се насочени за вработување токму на млади лица? Ако е така, тогаш тие не се факторот што придонел за „рекордната“ стапка на невработеност, бидејќи стапката на невработеност на младите не само што не се намалила, туку истата е зголемена во однос на истиот квартал од претходната година за 0.1 процентен поен. Доказ за тоа се кафулињата кои во 12 часот на пладне вријат ...

Осмомартовски (не) еднаквости (портали: Фактор и Окно, 08.03.2015)

Секој осми март може да се забележи една иста слика: се подаруваат цвеќиња, кармини и слични дреболии, се прославува по ресторани и кафулиња и се организираат различни веселби по повод денот на жената. Зарем жените се толку еднакви во општеството па повеќе нема за што да се борат? Само 39.5% од вработените се жени, а дури 64% не се активни на пазарот на труд. Сеуште, во нашето општество имаме стереотипни размислување дека грижата за семејството и децата е главно  обврска на жената. Тоа го покажува и статистиката, бидејќи скоро половина од жените кои не се активни на пазарот на труд, како причини ги наведиле грижата за семејните обврски (34%) и одгледувањето деца и стари лица (10%). Од друга страна се вработените жени, кои успеале да се вклучат во општеството, финансиски се помалку зависни и се борат нивниот глас да се слушне и да предизвика некоја промена. Но, повторно постои нееднаквост. Нивните колеги мажи во просек имаат повисока плата за дури  10%. Дополнително, н...

За Русите или за Американците?

Македонскиот трговски дефицит не е ништо ново. Тоа е континуиран процес, кој од година во година само се продлабочува. Секоја година увезуваме многу повеќе производи и услуги, отколку што извезуваме. Според државниот завод за статистика, во 2014 година трговскиот дефицит изнесува 2 342 884 илјади американски долари. Интересен е фактот дека 76.6% од вкупната трговска размена на Македонија е реализирана со земјите од ЕУ28 и 14% со земјите од Западен Балкан.  Уште поинтересен пак, е податокот дека нешто повеќе од 50% од меѓународната трговија се одвива само со пет земји: Германија, Велика Британија, Италија, Грција и Србија. Речиси милијарда килограми нафта биле увезени во земјава во текот на 2014 година, и за истата биле исплатени 700 милиони американски долари. Со оглед на тоа дека Македонија не располага со извори на нафта, овој увоз можеби е оправдан. Но увоз на 212 милиони килограми жито во земјоделска Македонија,...

Грбот на најкревките крепи најмногу (портал Окно, 21.01.2015)

Од почетокот на оваа година, хонорарците ќе треба да плаќаат дополнителни 25% на остварениот приход. Да се нудат решенија сега е веќе доцна, но кои се тие лица што ќе го искрепат овој товар? Лицата што остваруваат приходи по основ на договор за повремено вршење услуги се скоро најсиромашни, со просечен годишен приход од 78.038 денари. Правото за остварување пензија за овие лица изгледа како гулаб на гранка. За да остварат пензија, тие треба да имаат минимум 15 години работен стаж, а многу веројатно е дека овие лица не се ангажирани 12 месеци годишно, па тогаш овие 15 години ќе се претворат во 30. Нивниот и онака низок стандард дополнително ќе осиромаши. Втората категорија лица што ќе плаќаат дополнителни 25 % се оние со приходи по основ на авторски права и права од индустриска сопственост, чиј просечен годишен приход е 152.273 денари. Ова се лица чиј стандард е на средината на скалата на доходот, но според просекот, повторно, тоа не се ни оддалеку богати лица. Дополнително, тие кре...

КОГА НЕ МОЖЕШ ДА ОДОЛЕЕШ

Се раздвижи пазарот на кредити. Според Владата, како резултат на својот проект „Купи куќа – купи стан“, а според експертите како резултат на закрепувањето на економијата. Напоредно со тоа, порасна задолженоста на македонските домаќинства. Во октомври годинава, нивната вкупна кредитна задолженост изнесува рекордни 1.7 милијарда евра, што е за 11% поголема задолженост во однос на лани, односно за 50% поголема задолженост на граѓаните во однос на 2009 година. Податоците покажуваат раст на задолженоста со денарски кредити и пад на девизните кредити. Во вкупното кредитно портфолио, денарските кредити учествуваат со 94%, а само 6% од вкупните кредити се во странска валута.  Кога не можете да одлеете на новиот заоблен ЛЕД телевизор, на мирисот на новиот парфем на Валентино, на модерните чевли од Зара, и ред други работи без кои животот и понатаму нормално би течел, тука се тие, нивното Височество, банките. Исто како фамозниот Дедо Мраз, тука се да ги исполнат сите ваши желби. ...