Skip to main content

Posts

Showing posts from March, 2013

Довербата на штедачите: сензитивна како стакло но моќна како торнадо (Дневник, 22.03.2012)

Дел од последиците на големата депресија од минатиот век се припишуваат на масовното повлекување на депозити. Од поблиската иднина, масовно повлекување на депозити имаат искусено Шпанската банка “Banesto” и Малезиската “ MBf Finance Berhad” во 90 тите години, а при последната финансиска криза од 2008 година банкротираа повеќе банки.  Трошоците за спасување на банките и банкарските системи се огромни. Според статистиката на Меѓународниот Монетарен Фонд, санацијата на банкарските системи достигнува и до 57% од БДП (случајот на Индонезија). Масовното повлекување на депозити е причината за банкротства на банки но и извор за финансиска криза. Масовното повлекување на депозити настанува поради недоверба на штедачите за сигурноста на нивните депозити. Може да биде случај на индивидуална банка,  но и поретки но неисклучени масовни повлекувања на депозити во цел банкарски систем. Во случаи на општо масовно повлекување на депозити, постои ризик од целосно банкротство на банкарскиот систем и