Skip to main content

Posts

Showing posts from February, 2013

Кој сака да биде милионер?

Милионер, колку добро звучи. Тоа е човек чиешто нето богатство е еднакво или надминува еден милион единци од одредена валута. Тоа е најпосакуваниот епитет, кој прв пат е употребен во 1719 година, во Франција. Дефиницијата  ја знаеме сите, а потеклото на зборот и не е толку битно. Нам ни треба рецептот за да го заслужиме овој епитет. т.е. начинот да станеме милионер. Иако постоеше многу лесен начин да се стане милионер, само да се одговори точно на 20тина прашања, сепак никој не успеа. Тоа само ни докажа дека патот до милионот и не е така лесен. Тоа ќе го потврдат и најбогатите луѓе на светот, кои објаснуваат дека своето богатство го стекнале со многу труд, знаење, ризик. Карлос Слим, Ворен Бафет, Бил Гејтс. Ви звучат познато? Се разбира, сите сакаме да се најдеме во нивно друштво. Да, тоа се луѓето кои седум години во континуитет се наоѓаат на првите 3 места најбогати луѓе на светот според американскиот бизнис магазин „Форбс“. Иако дејствуваат во различни области: финансии, трго

Што е посилно: придобивките од приватните трансфери или големиот замав на миграцијата?

Меѓународната миграција – движењето на луѓето помеѓу меѓународните граници – има огромно влијание врз двете земји: земјата на потекло на мигрантот и земјата во која мигрира. Но, можеби подобро е да се каже дека миграцијата има влијание врз светскиот доход. Ако на работникот му се дозволи да работи таму каде што е најпродуктивен, миграцијата ќе резултира со зголемување на светскиот аутпут и доход. Според Обединетети Нации, повеќе од  215 милиони луѓе, што е околу 3% од светската популација, живеат и работат надвор од својата матична земја. Според статистиката на Светска Банка, вкупните приватни трансфери испратени во земјите во развој се движеле од $168 милијарди во 2005 година, $406 милијарди во 2012 година, а се очекува во 2015 година да достигнат $534 милијарди. Овие бројки укажуваат на фактот дека приватните трансфери се најзначајниот извор на девизни приходи, кои ги надминуваат дури и приходите од извоз, странските директни инвестиции, странската помош и другите видови приватни