Skip to main content

Грбот на најкревките крепи најмногу (портал Окно, 21.01.2015)

Од почетокот на оваа година, хонорарците ќе треба да плаќаат дополнителни 25% на остварениот приход. Да се нудат решенија сега е веќе доцна, но кои се тие лица што ќе го искрепат овој товар? Лицата што остваруваат приходи по основ на договор за повремено вршење услуги се скоро најсиромашни, со просечен годишен приход од 78.038 денари. Правото за остварување пензија за овие лица изгледа како гулаб на гранка. За да остварат пензија, тие треба да имаат минимум 15 години работен стаж, а многу веројатно е дека овие лица не се ангажирани 12 месеци годишно, па тогаш овие 15 години ќе се претворат во 30. Нивниот и онака низок стандард дополнително ќе осиромаши.

Втората категорија лица што ќе плаќаат дополнителни 25 % се оние со приходи по основ на авторски права и права од индустриска сопственост, чиј просечен годишен приход е 152.273 денари. Ова се лица чиј стандард е на средината на скалата на доходот, но според просекот, повторно, тоа не се ни оддалеку богати лица. Дополнително, тие креираат авторски дела, па наместо истите да се стимулираат да го зголемат своето творештво и интелектуално да растат, тие ќе бидат дестимулирани да творат.

Не земајќи го предвид животниот стандард, постои и трета категорија врз која овие измени ќе се одразат негативно, а тоа се потенцијалните мајки и жените со семејни обврски. Поради обврските за раѓање и одгледување деца, работодвачите гледаа на потенцијалните мајки како на дополнителен трошок и досега, и беа изложени на одбивање за нивно полно вработување. Сега, оваа мерка ќе им овозможи на работодавачите наместо договор за вработување да склучат договор за хонорарно ангажирање, со што дополнително ќе се отежни нивното вработување во полн работен однос.


Наспроти сето ова, постои друга категорија граѓани што нема да плаќа дополнителни придонеси на остварениот приход освен плата, и тоа: пензионери, приматели на дивиденди, кирии, капитални добивки и камати.  Кои се разликите помеѓу оваа повластена категогирија и онаа што ќе плаќа дополнителни 25%?  Прво, заедничко за оние што нема да плаќаат е што се наоѓаат на врвот на скалата со просечни годиишни приходи, од 180.419 денари за пензионерите, дури до фантастични 1.703.653 денари за оние што оствариле капитални приходи. Второ, некои од оние што нема да плаќаат имаат сигурен месечен прилив од камата или кирија, за разлика од хонорарците кои немаат сигурен прилив. Оттука, според разликите, не е тешко да се заклучи чиј грб ќе го крепи товарот од дополнителните 25%.

Благица Петрески, докторант
Главен економист во Finance Think

Comments

Popular posts from this blog

Што потоа?

Меѓународните институции веќе излегоа со проекции за македонската економија. Светска Банка предвидува пад на економската активност од 0,4%, додека Меѓународниот Монетарен Фонд проектира пад од 4% за 2020 година. Finance Think проектира вкупен економски пад за 2020 година од -3.8%.  Извор: Finance Think Иако постојат низа неизвесности, две работи се сигурни: 1) економијата ќе искуси рецесија, и 2) економските текови нема да бидат исти по корона-кризата. Последиците од Ковид- 19 ќе ги погодат сите: Домашните компании, ќе страдаат поради ограничена побарувачка од граѓаните која во моментов е сведена на храна и лекови. Компаниите чии производи/услуги не се во оваа група основни производи искусуваат голем шок на побарувачката за нивните производи. Дел од компаниите нема да ја преживеат оваа криза. Странските инвестиции во земјата кои се дел од глобалните синџири на добавување,  веројатно ќе се соочат со потешкотија да набават инпути за производство, а од друга страна

Пандемиската инфлаторна сага

  Во последните неколку недели, нагорните движења на цените на одредени производи ги вознемирија граѓаните создавајќи перцепција дека земјата се движи по инфлаторна спирала. Стравот од „прегревање“ на економијата и инфлација не е присутен само кај граѓаните, туку и кај економските експерти кои внимателно го интерпретираат потенцијалниот ефект врз инфлацијата од фискалниот стимулус даден во текот на пандемијата во најголем дел од земјите. Сепак, разградувањето на сложувалката од фактори кои доведоа до притисок врз цените во овој период може да го намали стравот од долгорочна инфлација. Со оглед на самата природа на пандемискиот шок и создадената неизвесност, очекувани се привремени движења во генералното ниво на цени. Постојат најмалку пет фактори за зголемената варијабилност на инфлацијата во овој период. Прво , цените на горивата искусија значајни   циклични движења во текот на пандемијата каде до април 2020 имаа значаен пад и потоа враќање на предпандемиското ниво со нагорен тренд

Инвестиции и состојби во Македонското здравство

Зголемени инвестиции во здравство Буџетските средства наменети за Министерството за здравство континуирано се зголемуваат. За пет години, владините инвестиции во здравството пораснале за 3.7 милијарди денари, или од 0.49% од БДП во 2010, на 1.05% во 2015 година . Графикон 1 : Буџет на Министерство за Здравство Најголем дел од расходите на министерството се трошат за финансирање на трите главни програми: капитални инвестиции, превентивна здравствена заштита и куративна здравствена заштита. Куративната здравствена заштита вклучува бесплатни мерки за лекување на одредени заболувања и превенција и унапредување на здравјето на населението, а особено за ранливите категории на граѓани. Покрај зголеменото финансирање на буџетот на МЗ, во изминатите пет години се забележани и значајни измени во структурата на расходите. Имено, до 2012 година, приоритетни биле капиталните инвестиции, со оглед на тоа што над 40% од вкупните расходи се издвојувале за финансирање на овие инвестиции