Skip to main content

Posts

Showing posts from 2013

СИРОМАШЕН БУЏЕТ

Започна расправата за Буџетот за наредната 2014 година. До крајот на годината ќе бидеме сведоци на жестоки дебати по ова прашање. И само тоа. Само обични набљудувачи на расправата во Собранието. Иако во светот, во процесот на креирање и изгласување на Буџетот учествуваат не само владини претставници и парламентарци, туку и припадници на граѓанското општество, па дури и пошироката јавност, кај нас еден и единствен кој има ингиренции за изготвување и донесување на Буџетот е Министерот за финансии. Прва разлика. Основната цел на еден Буџет е да обезбеди повисок економски раст и поголема социјална стабилност во годината што следи. Односно, секој Буџет има две компоненти: развојна и социјална. Првата, развојната, е насочена кон постигнување на првата цел, повисок економски раст, а социјалната компонента треба да обезбеди повисока социјална стабилност во однос на претходните години. Во светот, развојната компонента вклучува инвестиции во патишта, болници, училишта, студентски домови, а

Неформална корпоративна култура - клуч до успехот

Компаниите во Македонија (а веројатно и на Балканот) се карактеристични по хиерархиска организациска структура и традиционална корпоративна култура. Што значи ова? Вообичаено во организациската структура има многу раководни нивоа, различни менаџерски структури, бирократија и шефување. Целта на компаниите е профит, наместо задоволни клиенти, задоволни вработени, општествено добро. Од друга страна, вработените ја следат  организациската структура на компанијата и нивна главна цел е да стигнат повисоко во хиерархијата, наместо да го дадат целиот свој перформанс и да бидат лидери без титула. Поволностите и мотивациите што вработените ги добиваат се минимални; оние компании што можат да си дозволат, дел од вработените ги мотивираат со минимални годишни бонуси, а останатите компании во неможност да си дозволат таков луксуз, не прават ништо. Но, во тешки периоди на криза, кога компаниите се финансиски притиснати, овие бонуси скоро и да исчезнуваат. Вработените се се` понезадоволни, притис

Лошите кредити се одобруваат во добри времиња (Дневник, 08.04.2013)

Банкарските системи од Централна и Југоисточна Европа се сочуваат со зголемени ризици по финансиската стабилност. Карактеристично за цел регион е што стапката на нефункционални кредити бележи тренд на раст. Банкарскиот систем на Словенија е со најголема опасност, каде нефункционалните кредити на агрегатно ниво на крајот од 2012 година беа околу 16%. Но, позначајно е што кај трите најголеми банки, нефункционалните кредити од стапка под 16% во 2011 година пораснале на над 20% во 2012 година. Дополнително, профитабилноста  во земјите од регионот е ниска, а во Словенија банкарскиот систем има и загуби. Така, банкарскиот систем се соочува со ризик од недостаток на капитал за покривање на проблематичните кредити и со ризик од несолвентност. Според истражувањето и направената сензитивна анализа (што претпоставува целосен отпис на нефункционалните кредити) од ЕУРОПА, на агрегатно ниво, со недостаток на капитал би се соочиле Црна Гора, Литванија и Унгарија.  Според истото истражување на ниво

Заедничка банкарска супервизија во еврозоната и импликациите за нас

Супервизијата на банкарските институции е одговорност на националните влади во Европската Монетарна Унија (Еврозона). Но, должничката криза што, повеќе или помалку, ги погоди земјите од Еврозоната, покажа дека оваа состојба не е одржлива како резултат на прекуграничната поврзаност на нивните банкарски системи. Преку-граничната поврзаност главно се манифестира преку распространетост на една банкарска групација во повеќе земји, како што е грчката Национална Банка на Грција (НБГ), француската Сосиете Женерал, австриската Рајфајзен, германските Дојче Банк и ПроКредит и други. Но, ваквите банкарски институции се соочуваа(т) со двојни регулативи: оние од националните супервизорски тела на земјата домаќин, и оние од националните тела на земјата од банката-мајка. Таквата поврзаност го зголемува ризикот од прелевање на проблемите од една банка на друга банка во групацијата, а со тоа и од една земја во друга. Ризикот од вакво прелевање се нарекува и системски ризик. Големата економска криза ни

Довербата на штедачите: сензитивна како стакло но моќна како торнадо (Дневник, 22.03.2012)

Дел од последиците на големата депресија од минатиот век се припишуваат на масовното повлекување на депозити. Од поблиската иднина, масовно повлекување на депозити имаат искусено Шпанската банка “Banesto” и Малезиската “ MBf Finance Berhad” во 90 тите години, а при последната финансиска криза од 2008 година банкротираа повеќе банки.  Трошоците за спасување на банките и банкарските системи се огромни. Според статистиката на Меѓународниот Монетарен Фонд, санацијата на банкарските системи достигнува и до 57% од БДП (случајот на Индонезија). Масовното повлекување на депозити е причината за банкротства на банки но и извор за финансиска криза. Масовното повлекување на депозити настанува поради недоверба на штедачите за сигурноста на нивните депозити. Може да биде случај на индивидуална банка,  но и поретки но неисклучени масовни повлекувања на депозити во цел банкарски систем. Во случаи на општо масовно повлекување на депозити, постои ризик од целосно банкротство на банкарскиот систем и

Кој сака да биде милионер?

Милионер, колку добро звучи. Тоа е човек чиешто нето богатство е еднакво или надминува еден милион единци од одредена валута. Тоа е најпосакуваниот епитет, кој прв пат е употребен во 1719 година, во Франција. Дефиницијата  ја знаеме сите, а потеклото на зборот и не е толку битно. Нам ни треба рецептот за да го заслужиме овој епитет. т.е. начинот да станеме милионер. Иако постоеше многу лесен начин да се стане милионер, само да се одговори точно на 20тина прашања, сепак никој не успеа. Тоа само ни докажа дека патот до милионот и не е така лесен. Тоа ќе го потврдат и најбогатите луѓе на светот, кои објаснуваат дека своето богатство го стекнале со многу труд, знаење, ризик. Карлос Слим, Ворен Бафет, Бил Гејтс. Ви звучат познато? Се разбира, сите сакаме да се најдеме во нивно друштво. Да, тоа се луѓето кои седум години во континуитет се наоѓаат на првите 3 места најбогати луѓе на светот според американскиот бизнис магазин „Форбс“. Иако дејствуваат во различни области: финансии, трго

Што е посилно: придобивките од приватните трансфери или големиот замав на миграцијата?

Меѓународната миграција – движењето на луѓето помеѓу меѓународните граници – има огромно влијание врз двете земји: земјата на потекло на мигрантот и земјата во која мигрира. Но, можеби подобро е да се каже дека миграцијата има влијание врз светскиот доход. Ако на работникот му се дозволи да работи таму каде што е најпродуктивен, миграцијата ќе резултира со зголемување на светскиот аутпут и доход. Според Обединетети Нации, повеќе од  215 милиони луѓе, што е околу 3% од светската популација, живеат и работат надвор од својата матична земја. Според статистиката на Светска Банка, вкупните приватни трансфери испратени во земјите во развој се движеле од $168 милијарди во 2005 година, $406 милијарди во 2012 година, а се очекува во 2015 година да достигнат $534 милијарди. Овие бројки укажуваат на фактот дека приватните трансфери се најзначајниот извор на девизни приходи, кои ги надминуваат дури и приходите од извоз, странските директни инвестиции, странската помош и другите видови приватни