Skip to main content

Пандемиската инфлаторна сага

 Во последните неколку недели, нагорните движења на цените на одредени производи ги вознемирија граѓаните создавајќи перцепција дека земјата се движи по инфлаторна спирала. Стравот од „прегревање“ на економијата и инфлација не е присутен само кај граѓаните, туку и кај економските експерти кои внимателно го интерпретираат потенцијалниот ефект врз инфлацијата од фискалниот стимулус даден во текот на пандемијата во најголем дел од земјите. Сепак, разградувањето на сложувалката од фактори кои доведоа до притисок врз цените во овој период може да го намали стравот од долгорочна инфлација.

Со оглед на самата природа на пандемискиот шок и создадената неизвесност, очекувани се привремени движења во генералното ниво на цени. Постојат најмалку пет фактори за зголемената варијабилност на инфлацијата во овој период. Прво, цените на горивата искусија значајни  циклични движења во текот на пандемијата каде до април 2020 имаа значаен пад и потоа враќање на предпандемиското ниво со нагорен тренд во 2021. Второ, пандемијата предизвика асиметрични шокови поттикнувајќи алокација на потрошувачката од еден сектор во друг. Создадената нерамнотежа на одредени пазари ги наруши цените на производите кои се тргуваат на тие пазари. Трето, бавното приспособување на цените на производните инпути може да предизвика привремена инфлација, бидејќи растот на цените на производите кои имаа зголемена побарувачка е поголем од падот на цените на производите кои имаа пад на побарувачката. Четврто, прекинот на даночните олеснувања кои се даваа во текот на пандемијата предизвикува привремен раст на инфлацијата, иако тие создадоја надолен притисок врз цените во периодот на нивно имплементирање. Петто, неизвесноста во поглед на пролонгирање на пандемиската состојба создава притисок за корекција на цените во одредени сектори, особено секторите кои беа погодени од карантините.

За да ја илустрираме зголемената варијација на инфлацијата во текот на пандемијата ги споредуваме промените на индексот на трошоци на живот со промените на индексот во случај доколку немало пандемија и доколку Народната банка на Северна Македонија го одржувала стабилно ценовното ниво на 2% (за периодот Јануари 2020 – Мај 2021), користејќи податоци од Државниот завод за статистика. Графикон 1 ги прикажува 12- и 24-месечните движечки просеци на промените на индексот на трошоци на живот (вклучувајќи и исклучувајќи ги цените на енергијата, течните горива, мазивата и храната). Падот на потрошувачката во текот на пандемијата предизвика дезинфлација во зачетокот на кризата, што е значајно под нивото доколку се одржувало стабилно ниво на цени од 2%. При намалување на интензитетот на пандемијата и оживувањето на потрошувачката, нивото на цени започнува да расте и го надминува претпоставеното стабилно ценовно ниво компензирајќи ја дезинфлацијата од претходниот период. Јазот е помал доколку погледнеме подолгорочно (24 месеци). Исто така, мора да се има предвид дека референтен период за Јануари-Мај 2021 е Јануари-Мај 2020 кога веќе цените беа на пониско ниво.

Графикон 1: Промена на индексот на трошоци на живот во текот на пандемијата наспроти сценарио без пандемија и со стабилно ценовно ниво


Пресметки на авторот според податоци од ДЗС

Дополнително, економската литература покажува дека инфлацијата не е карактеристика на пост-пандемиските периоди низ историјата. Генерално, пандемиите предизвикуваат намалување во агрегатната потрошувачка и фискалниот стимулус се користи за да се пополни отсуството на потрошувачка од приватниот сектор. Понатаму, пандемиите не резултираат во загуба на физички капитал, туку во загуба на човечки животи, што би можело да води до зголемување на односот физички капитал/работна сила, што (според теоријата) би довело до рамнотежа со пониски реални каматни  стапки. Од друга страна, привремено повисоко ниво на инфлација може да биде „прифатливо“ за креаторите на политиките доколку применуваат неконвенционален метод на намалување на товарот на долгот преку инфлација, за да избегнат зголемување на даноците и намалување на јавната потрошувачка. Сепак, тоа е неодржлив метод кој може да доведе до макроекономска нестабилност.

Како заклучок, движењата на цените во текот на 2020 и 2021 може да се разберат како компензација на дезинфлаторните движења во зачетокот на кризата кои немаат основа да се одржат на подолг рок. И покрај привремената природа на сегашните движења на цените, Народната банка мора да остане внимателна и да ги следи сите економски параметри кои ја диктираат ценовната стабилност поради можното нарушување на очекувањата за инфлацијата на среден или долг рок. Корекција на очекувањата за инфлацијата нагоре може да ја натера Народната банка да наметне порестриктивна монетарна политика во период кога побарувачката е сеуште слаба и постои притисок врз пазарот на труд. Затоа, Народната банка треба да обезбеди навремено и стабилно враќање кон целната стапка на инфлација преку соодветна кредибилна монетарна политика и внимателно комуницирање на своите чекори.

 Д-р Бојан Србиноски

Економски аналитичар

Finance Think

Comments

  1. Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои страдаат во нивните врски бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и нашите две деца за друга жена три години. Се обидов да бидам силна само за моите деца, но не можев да ја контролирам болката што го мачеше моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па истражував на интернет и наидов на една страница каде што видов дека д-р Елен, која работи на правопис, може да помогне да се вратат саканите. Ја контактирав и таа ми направи посебна молитва и магии. На мое изненадување, мојот сопруг повторно се врати дома по 2 дена. Така се обединивме и имаше многу љубов, радост и мир во семејството. Можете исто така да контактирате со д-р Елен, моќен магија за решенија
    1) Врати се дечко
    2) Повторно обединете маж или жена
    3) Ако имате кошмари
    4) Исцелување на ХИВ и рак
    5) Моќен магичен прстен
    6) Магија за среќа
    7) Раскинување на опсесијата
    8) Проблеми со породувањето и бременоста
    9) среќен лотарски број
    Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog

Што потоа?

Меѓународните институции веќе излегоа со проекции за македонската економија. Светска Банка предвидува пад на економската активност од 0,4%, додека Меѓународниот Монетарен Фонд проектира пад од 4% за 2020 година. Finance Think проектира вкупен економски пад за 2020 година од -3.8%.  Извор: Finance Think Иако постојат низа неизвесности, две работи се сигурни: 1) економијата ќе искуси рецесија, и 2) економските текови нема да бидат исти по корона-кризата. Последиците од Ковид- 19 ќе ги погодат сите: Домашните компании, ќе страдаат поради ограничена побарувачка од граѓаните која во моментов е сведена на храна и лекови. Компаниите чии производи/услуги не се во оваа група основни производи искусуваат голем шок на побарувачката за нивните производи. Дел од компаниите нема да ја преживеат оваа криза. Странските инвестиции во земјата кои се дел од глобалните синџири на добавување,  веројатно ќе се соочат со потешкотија да набават инпути за производство, а од друга страна

Инвестиции и состојби во Македонското здравство

Зголемени инвестиции во здравство Буџетските средства наменети за Министерството за здравство континуирано се зголемуваат. За пет години, владините инвестиции во здравството пораснале за 3.7 милијарди денари, или од 0.49% од БДП во 2010, на 1.05% во 2015 година . Графикон 1 : Буџет на Министерство за Здравство Најголем дел од расходите на министерството се трошат за финансирање на трите главни програми: капитални инвестиции, превентивна здравствена заштита и куративна здравствена заштита. Куративната здравствена заштита вклучува бесплатни мерки за лекување на одредени заболувања и превенција и унапредување на здравјето на населението, а особено за ранливите категории на граѓани. Покрај зголеменото финансирање на буџетот на МЗ, во изминатите пет години се забележани и значајни измени во структурата на расходите. Имено, до 2012 година, приоритетни биле капиталните инвестиции, со оглед на тоа што над 40% од вкупните расходи се издвојувале за финансирање на овие инвестиции