Skip to main content

Војна на валути, кој добива а кој губи?

Вредноста на доларот во изминатиот период постојано расте. Јакнењето на американското стопанство, значително помалите загуби на работните места во однос на очекуваните во САД и лошите изгледи за пораст на другите валути од другите делови на светот ја зголемија вредноста на доларот. Истовремено, еврото слабее. Ова се должи на неколку фактори кои се случуваат во исто време. Прв фактор е тоа што Европската централна банка започна масивна програма на квантитативно олеснување. Тоа значи дека во следните 18 месеци 60 милијарди евра ќе бидат инјектирани во Европската економија. Овој потег ќе биде проследен со намалени референтни каматни стапки, како “битка” со дефлацијата во Еврозоната. Во истиот период кога Европската централна банка ја намалува референтната каматна стапка, Федералните резерви на САД водат монетарна политика каде таргетира повисока референтна каматна стапка. Да не го изоставиме еден од поважните виновници за падот на вредноста на еврото, тоа е Грција. Со тоа што беше пролонгиран периодот од четири месеци за отплаќање на долгот, се додаде дополнителен притисок врз вредноста на еврото да се движи надолу.
Се смета дека за скоро вредноста на доларот и вредноста на еврото ќе се изедначат. Ова е можеби најизразената војна на валути во поновата историја на девизниот пазар.


Кој губи а кој добива од ваквите валутни промени? Американците се оние кои први добиваат. Со зајакнувањето на доларот добиваат многу повисока куповна моќ. Со истата сума на долари можат да купат многу повеќе добра. Глобално тргуваните стоки, злато, нафта и деривати се изразени во долари. Нивната цена ќе поскапи за неамериканските купувачи. Ако претпоставиме дека побарувачката за овие стоки ќе остане иста, големите компании на нафта и нафтени деривати ке бидат едни од најголемите добитници. И најважно, ако сакате да патувате низ Европа, сега е вистинското време, зашто кроасаната во Париз е скоро 15% поефтина до порано. За сметка на добитниците, некој мора да губи. На прво место ќе бидат компаниите на САД кои тргуваат со Европа, од каде извира нивниот приход и добивка, деноминирани во туѓа валута. Европа во целост, заедно со банките во Европа ќе бидат едни од главните губитници заради намалените каматни стапки, а тука ќе им се придружат и авионските компании, заради горивото што го плаќаат во долари.

Што претставува тоа за македонската економија? Трговската размена на Македонија е главно со земји со кои се тргува во евра. Оттука, добивките од апрецијацијата на доларот се скромни, само 11% од извозот е деноминиран во долари. Поголема добивка од силниот долар за Македонија е пониската цена на нафта и нафтени деривати, како и добивката на тие што направиле вложувања во долари. Уште една критична точка која ја предизвикува зголемувањето на вредноста на доларот е целосниот долг кој Македонија го има кон ММФ. Тој изнесува 173,3 милиони американски долари. Ако овој долг се отплати предвремено, тогаш заштедата денес би била многу поголема за разлика од тоа ако се отплати на редовниот ден на отплата.


Тереза Кочовска
Економски аналитичар во Finance Think

Comments

Popular posts from this blog

Што потоа?

Меѓународните институции веќе излегоа со проекции за македонската економија. Светска Банка предвидува пад на економската активност од 0,4%, додека Меѓународниот Монетарен Фонд проектира пад од 4% за 2020 година. Finance Think проектира вкупен економски пад за 2020 година од -3.8%.  Извор: Finance Think Иако постојат низа неизвесности, две работи се сигурни: 1) економијата ќе искуси рецесија, и 2) економските текови нема да бидат исти по корона-кризата. Последиците од Ковид- 19 ќе ги погодат сите: Домашните компании, ќе страдаат поради ограничена побарувачка од граѓаните која во моментов е сведена на храна и лекови. Компаниите чии производи/услуги не се во оваа група основни производи искусуваат голем шок на побарувачката за нивните производи. Дел од компаниите нема да ја преживеат оваа криза. Странските инвестиции во земјата кои се дел од глобалните синџири на добавување,  веројатно ќе се соочат со потешкотија да набават инпути за производство, а од друга страна

Пандемиската инфлаторна сага

  Во последните неколку недели, нагорните движења на цените на одредени производи ги вознемирија граѓаните создавајќи перцепција дека земјата се движи по инфлаторна спирала. Стравот од „прегревање“ на економијата и инфлација не е присутен само кај граѓаните, туку и кај економските експерти кои внимателно го интерпретираат потенцијалниот ефект врз инфлацијата од фискалниот стимулус даден во текот на пандемијата во најголем дел од земјите. Сепак, разградувањето на сложувалката од фактори кои доведоа до притисок врз цените во овој период може да го намали стравот од долгорочна инфлација. Со оглед на самата природа на пандемискиот шок и создадената неизвесност, очекувани се привремени движења во генералното ниво на цени. Постојат најмалку пет фактори за зголемената варијабилност на инфлацијата во овој период. Прво , цените на горивата искусија значајни   циклични движења во текот на пандемијата каде до април 2020 имаа значаен пад и потоа враќање на предпандемиското ниво со нагорен тренд

Инвестиции и состојби во Македонското здравство

Зголемени инвестиции во здравство Буџетските средства наменети за Министерството за здравство континуирано се зголемуваат. За пет години, владините инвестиции во здравството пораснале за 3.7 милијарди денари, или од 0.49% од БДП во 2010, на 1.05% во 2015 година . Графикон 1 : Буџет на Министерство за Здравство Најголем дел од расходите на министерството се трошат за финансирање на трите главни програми: капитални инвестиции, превентивна здравствена заштита и куративна здравствена заштита. Куративната здравствена заштита вклучува бесплатни мерки за лекување на одредени заболувања и превенција и унапредување на здравјето на населението, а особено за ранливите категории на граѓани. Покрај зголеменото финансирање на буџетот на МЗ, во изминатите пет години се забележани и значајни измени во структурата на расходите. Имено, до 2012 година, приоритетни биле капиталните инвестиции, со оглед на тоа што над 40% од вкупните расходи се издвојувале за финансирање на овие инвестиции