Skip to main content

За Русите или за Американците?


Македонскиот трговски дефицит не е ништо ново. Тоа е континуиран процес, кој од година во година само се продлабочува. Секоја година увезуваме многу повеќе производи и услуги, отколку што извезуваме. Според државниот завод за статистика, во 2014 година трговскиот дефицит изнесува 2 342 884 илјади американски долари.
Интересен е фактот дека 76.6% од вкупната трговска размена на Македонија е реализирана со земјите од ЕУ28 и 14% со земјите од Западен Балкан.  Уште поинтересен пак, е податокот дека нешто повеќе од 50% од меѓународната трговија се одвива само со пет земји: Германија, Велика Британија, Италија, Грција и Србија.


Речиси милијарда килограми нафта биле увезени во земјава во текот на 2014 година, и за истата биле исплатени 700 милиони американски долари. Со оглед на тоа дека Македонија не располага со извори на нафта, овој увоз можеби е оправдан. Но увоз на 212 милиони килограми жито во земјоделска Македонија, навистина разочарува.
Она пак, што е поинтересно за опсервација е извозот на стоки и услуги. Дури 41.4% од вкупниот македонски извоз оди во најмоќната, Германија. Остатокот се извезува во Италија, Бугарија, Грција и Косово. Најмногу се извезува облека, тутунски производи, машини и нивни делови и хемиски материи и производи. Срцето ми се полни кога на полиците во некој супермаркет во туѓина ќе видам Стоби Флипс, Тиквеш вино или Европа чоколадо.


Ја споменав Русија? Не, не е вредна да се спомне во овој контекст бидејќи само 0.9% од вкупниот македонски извоз е наменет за оваа земја. И САД е тука некаде. Таму патува „дури“ 1.1% од вкупниот наш извоз. Затоа, размислете за кого ќе навивате? За Русите или за Американците? Дали следниот пат ќе ја „браните“ тезата дека руската економија има значајно влијание врз нашата земја. И дали сеуште имате желба да станеме дел од Евроазиската Унија заедно со Белорусија, Ерменија и Казахстан, кои имаат минорно или пак немаат апсолутно никакво влијание врз доброто на нашата Македонија. Или е најдобро да станеме 51ва федерална република на САД? За мене, и двете опции се лоши. Барем во контекст на меѓународната трговија.

М-р Деспина Петреска

Економски аналитичар во „Finance Think

Comments

Popular posts from this blog

Што потоа?

Меѓународните институции веќе излегоа со проекции за македонската економија. Светска Банка предвидува пад на економската активност од 0,4%, додека Меѓународниот Монетарен Фонд проектира пад од 4% за 2020 година. Finance Think проектира вкупен економски пад за 2020 година од -3.8%.  Извор: Finance Think Иако постојат низа неизвесности, две работи се сигурни: 1) економијата ќе искуси рецесија, и 2) економските текови нема да бидат исти по корона-кризата. Последиците од Ковид- 19 ќе ги погодат сите: Домашните компании, ќе страдаат поради ограничена побарувачка од граѓаните која во моментов е сведена на храна и лекови. Компаниите чии производи/услуги не се во оваа група основни производи искусуваат голем шок на побарувачката за нивните производи. Дел од компаниите нема да ја преживеат оваа криза. Странските инвестиции во земјата кои се дел од глобалните синџири на добавување,  веројатно ќе се соочат со потешкотија да набават инпути за производство, а од друга страна

Пандемиската инфлаторна сага

  Во последните неколку недели, нагорните движења на цените на одредени производи ги вознемирија граѓаните создавајќи перцепција дека земјата се движи по инфлаторна спирала. Стравот од „прегревање“ на економијата и инфлација не е присутен само кај граѓаните, туку и кај економските експерти кои внимателно го интерпретираат потенцијалниот ефект врз инфлацијата од фискалниот стимулус даден во текот на пандемијата во најголем дел од земјите. Сепак, разградувањето на сложувалката од фактори кои доведоа до притисок врз цените во овој период може да го намали стравот од долгорочна инфлација. Со оглед на самата природа на пандемискиот шок и создадената неизвесност, очекувани се привремени движења во генералното ниво на цени. Постојат најмалку пет фактори за зголемената варијабилност на инфлацијата во овој период. Прво , цените на горивата искусија значајни   циклични движења во текот на пандемијата каде до април 2020 имаа значаен пад и потоа враќање на предпандемиското ниво со нагорен тренд

Инвестиции и состојби во Македонското здравство

Зголемени инвестиции во здравство Буџетските средства наменети за Министерството за здравство континуирано се зголемуваат. За пет години, владините инвестиции во здравството пораснале за 3.7 милијарди денари, или од 0.49% од БДП во 2010, на 1.05% во 2015 година . Графикон 1 : Буџет на Министерство за Здравство Најголем дел од расходите на министерството се трошат за финансирање на трите главни програми: капитални инвестиции, превентивна здравствена заштита и куративна здравствена заштита. Куративната здравствена заштита вклучува бесплатни мерки за лекување на одредени заболувања и превенција и унапредување на здравјето на населението, а особено за ранливите категории на граѓани. Покрај зголеменото финансирање на буџетот на МЗ, во изминатите пет години се забележани и значајни измени во структурата на расходите. Имено, до 2012 година, приоритетни биле капиталните инвестиции, со оглед на тоа што над 40% од вкупните расходи се издвојувале за финансирање на овие инвестиции