Skip to main content

Posts

Пандемиската инфлаторна сага

  Во последните неколку недели, нагорните движења на цените на одредени производи ги вознемирија граѓаните создавајќи перцепција дека земјата се движи по инфлаторна спирала. Стравот од „прегревање“ на економијата и инфлација не е присутен само кај граѓаните, туку и кај економските експерти кои внимателно го интерпретираат потенцијалниот ефект врз инфлацијата од фискалниот стимулус даден во текот на пандемијата во најголем дел од земјите. Сепак, разградувањето на сложувалката од фактори кои доведоа до притисок врз цените во овој период може да го намали стравот од долгорочна инфлација. Со оглед на самата природа на пандемискиот шок и создадената неизвесност, очекувани се привремени движења во генералното ниво на цени. Постојат најмалку пет фактори за зголемената варијабилност на инфлацијата во овој период. Прво , цените на горивата искусија значајни   циклични движења во текот на пандемијата каде до април 2020 имаа значаен пад и потоа враќање на предпандемиското ниво со нагор...

Што потоа?

Меѓународните институции веќе излегоа со проекции за македонската економија. Светска Банка предвидува пад на економската активност од 0,4%, додека Меѓународниот Монетарен Фонд проектира пад од 4% за 2020 година. Finance Think проектира вкупен економски пад за 2020 година од -3.8%.  Извор: Finance Think Иако постојат низа неизвесности, две работи се сигурни: 1) економијата ќе искуси рецесија, и 2) економските текови нема да бидат исти по корона-кризата. Последиците од Ковид- 19 ќе ги погодат сите: Домашните компании, ќе страдаат поради ограничена побарувачка од граѓаните која во моментов е сведена на храна и лекови. Компаниите чии производи/услуги не се во оваа група основни производи искусуваат голем шок на побарувачката за нивните производи. Дел од компаниите нема да ја преживеат оваа криза. Странските инвестиции во земјата кои се дел од глобалните синџири на добавување,  веројатно ќе се соочат со потешкотија да набават инпути за производство, а од...

Ограничени, но квалитетни социјални услуги во Прилеп и Долнени

Жителите на општините Прилеп и Долнени имаат на располагање голем број социјални услуги во делот на социјална превенција, вонинституционална и институционална заштита, согласно законската регулатива. Но, нејзиното спроведување на терен ги открива слабостите и просторот за подобрување на испораката и искористеноста на услугите. Жителите на општина Прилеп може во целост да ги добијат само услугите во делот на социјална превенција, преку Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Прилеп, но во делот на (вон)институционална заштита, достапни се социјални услуги само за три ранливи категории граѓани, и тоа: лица со посебни потреби, лица со церебрална парализа и стари лица. За жителите на општина Долнени, пак, горенаведените услуги не се достапни на нивната територија, па тие мора да ги користат на територија на општина Прилеп, што значи дополнителни трошоци за пат и време. Дополнително, жителите на општина Долнени се неинформирани за расположливите социјални услугите, поради тоа што ЦСР ...

Локално буџетирање – учествуваат ли жителите на Крушево, Кривогаштани и Прилеп во овој процес?

Партиципативно буџетирање е процес на донесување одлуки во заедницата со непосредно и директно вклучување на граѓаните во процесот на давање идеи и предлози за начинот на распреелба на јавните средства. Истото, предвидува вклучување на жителите на една општина во процесот на подготовка на општинскиот буџет и неговите приоритети и задачи. Дали овој процес е пракса во нашите општини? За да одговориме на ова прашање, спроведивме фокус групи со жители на Прилеп, Крушево и Кривогаштани, кои дадоа подетални информации за нивните искуства и вклученост во креирањето на буџетот на општината во која живеат. За жал, искуствата во сите три оптшини се речиси идентични. Слаба вклученост и информираност на жителите за процесот на креирање на локалните буџети. „ До сега никогаш не сум бил вклучен во креирањето на општинскиот буџет. Нашето мислење никој не го слуша “ –жител на општина Кривогаштани, 26 години, студент. „Искрено, ниту сум учествувала ниту сум била информирана дека имам право да у...

Инвестиции и состојби во Македонското здравство

Зголемени инвестиции во здравство Буџетските средства наменети за Министерството за здравство континуирано се зголемуваат. За пет години, владините инвестиции во здравството пораснале за 3.7 милијарди денари, или од 0.49% од БДП во 2010, на 1.05% во 2015 година . Графикон 1 : Буџет на Министерство за Здравство Најголем дел од расходите на министерството се трошат за финансирање на трите главни програми: капитални инвестиции, превентивна здравствена заштита и куративна здравствена заштита. Куративната здравствена заштита вклучува бесплатни мерки за лекување на одредени заболувања и превенција и унапредување на здравјето на населението, а особено за ранливите категории на граѓани. Покрај зголеменото финансирање на буџетот на МЗ, во изминатите пет години се забележани и значајни измени во структурата на расходите. Имено, до 2012 година, приоритетни биле капиталните инвестиции, со оглед на тоа што над 40% од вкупните расходи се издвојувале за финансирање на овие инвестиции...

Кога економијата е жртва на политиката

Политичката криза трае веќе една година. Проекциите за економскиот раст за минатата година беа надолно ревидирани од сите релевантни институции (ММФ; Светска Банка, НБРМ). За изненадување, годината ја завршивме со раст повисок од ревидираните проекции. И помисливме дека домашните бизнисмени се пожилави од тоа што сме процениле, а кризата ги зајакнала. Сепак, повисокиот раст се должеше на зголемената државна интервенција а бизнис секторот ги почуствува негативните последици. Политичката криза го загуши бизнис секторот и економијата во Македонија. Истражувањата во светот покажуваат дека политичката нестабилност го намалува економскиот раст. Дека оваа нестабилност се одрази врз економските активности на бизнисот во Македонија може да се забележи и од учеството на бизнис секторот во економскиот раст (графикон еден). Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), евидентно е дека економскиот раст во минатата година беше поттикнат од државните инвестиции, главно во градежништ...

Политичката криза почна да ја разорува економијата

Светска Банка донесе одлука да ја прекине втората фаза од Програмата за подобрување на општинските услуги во Македонија со која требаше да се обезбедат заеми за инвестиции во инфраструктурата во 57 општини во земјава (снабдување со вода, канализација, управување со цврст отпад, локални патишта, подобрување на енергетската ефикасност на општинските згради и друга општинска инфраструктура со висок приоритет). За да се реализираат овие планирани проекти, Владата и општинските власти ќе треба планираните средства да ги обезбедат од други извори, или во најлош случај, да се откажат од нивна реализација. Но, спорна е и првата опција, финансирање на проектите од други извори. Веќе почнаа да доаѓаат „закани“ за целосно стопирање на кредитирањето и од Европската Комисија и други институции под надлежност на ЕУ. Во ваква ситуација, задолжувањето на странски пазар и позајмување пари од приватни инвеститори е опција за прибирање на потребните средства за реализација на планираните активности. Н...

Невозвратена љубов од државата

„ Синот никогаш не сакаше да замине, секогаш велеше јас не сакам да живеам во странство. Ама , немаше доволно пари за живот овде, и мораше да замине “ – раскажува мајка на иселеник во рамки на интервјуата направени од Finance Think во рамки на проектот „Миграцијата како социјална заштита: Анализа на македонски, албански и српски домаќинства што примаат дознаки“ поддржан од Регионалната Програма за Унапредување на Истражувањето.   Точно е. Сите заминале заради невозвратена љубов. Но, не љубов од човек на човек, туку љубов од држава (Македонија) на човек. Државата и институциите не успеале да ги „згрижат“ овие луѓе и да им обезбедат елементарни услови за живот, па истите морале да бараат љубов од друга земја. Длабинските интервјуа на 20 испитаници кои имаат најмалку еден член од семејството што живее и работи надвор од државава, покажаа дека сите се исселиле заради економски мотив. Неможноста да се најде работа и лошиот квалитет на живот се примарни причини што ги натерале ови...

Зголемување на пензиите, потреба или ирационалност?

Исплатените пензии во месец септември беа за 621 денар повисоки од претходните. Дополнително зголемување на пензиите е предвидено во дополнетиот предлог буџет за 2016 година. Додека 297.179 пензионер во земјава (ПИОМ) се радуваат на ваквото покачување, во јавноста се разгорува дебатата дали овој чекор на владата е потребен, рационален, издржан и во право време.  Неколку насоки на размислување кои укажуваат на нерационалноста за зголемување на пензиите, се следните:  Прво, пензиите се зголемуваат со повисока стапка на раст од домашната економија. Растот на економијата во тековната и изминатата година е околу 3 %,  додека растот на пензиите е 5%, што го надминува капацитетот на економијата. Графикон 1 покажува дека ваквиот „неусогласен“ тренд започнал во периодот после 2008 година, кога покрај еднократното зголемување на пензиите, скоро сите редовни усогласувања на пензиите се поголеми од растот на економијата. До 2008 година, економијата во просек растела за 3,1% а ...

Колку јавната администрација ја чини државата?

Во изминатиот период актуелна е темата колку има вработени во јавниот сектор. Со оглед на тоа дека нема конкретни информации на тоа колку луѓе се вработени во јавната администрација, бројките се енигма. Многубројните огласи за вработување на Агенцијата за Администрација создаваат слика дека државата е впрочем и најголемиот работодавач и двигател на вработеноста во Македонија. Но, покрај квантитетот на огласите, јавниот сектор е атрактивен и од аспект на плата. Вработените во јавната администрација во просек добиваат 18% повисока плата од просекот на цела земја. Според Државниот Завод за Статистика, просечната нето-плата по вработен во 2014 била 21.393 денари, додека просечната плата во јавната администрација и одбраната изнесувала 25.252 денари. Следствено, се појавува прашањето колку ја чини државата јавната администрација? Во просек, на годишно нивно, државата троши околу 22 милијарди денари за плати и надоместоци на јавната администрација. Иако, овој издаток не забележува драстичен...

Испратени пари

Во потрага по парче леб и подобар живот, дури 247 милиони луѓе во светот живеат и работат надвор од својата татковина и во 2014 година им испратиле 436 милијарди долари на своите семејства што останале да живеат дома. Во Македонија, во 2014 година, влегле 367 милиони долари по основ на дознаки, што е  најмал износ во однос на примените дознаки во земјите од регионов. Но тоа не значи дека овој износ не е доволен, бидејќи истиот изнесува 3.7% од БДП и е далеку поголем од примените странски директни инвестиции и официјалната развојна помош, 127 и 252 милиони долари соодветно. Тоа значи дека државата ужива големи придобивки од овие средства и токму таа треба правилно да го канализира и поддржи засега неискористениот развоен потенцијал на овие средства.  Графикон: Примени дознаки во 2014 година Но, не „ужива“ само државата. Најголеми придобивки од примените дознаки имаат токму примателите на овие средства. Во земјава, 20% од семејствата примаат, во просек, по 25...

Колку евра должи Македонија?

Бруто надворешниот долг на Македонија на крајот на првиот квартал годинава изнесува 6.185 милијарди евра, односно 68.7% од БДП. Скоро половина, односно 3.024 милијарди евра е јавен долг, односно долг на државата, централната банка, јавните банки и јавните претпијатија, а остатокот му припаѓа на приватниот сектор. Графикон 1 покажува дека најголеми јавни должници се државата и јавните претпијатија, кои должат речиси 90% од вкупниот јавен долг. Надворешниот долг е износ на обврски кон нерезиденти. За само три месеци, надворешниот долг на земјава се зголемил за 230 милиони евра. Најголем дел од ова зголемување се должи на зголемените обврски на НБРМ по однос на репо договори и зголемените обврски на нефинансиските институции, 258 и 61 милиони евра, соодветно. За разлика од нив, обврските на државата и банкарскиот сектор кон нерезиденти е намален во однос на последниот квартал од 2014 година за 104 и 12 милиони евра, соодветно. Државата како должник, е најинтересна за анал...

(Не) еднаквост на можности

Сиромаштијата и нееднаквоста во Македонија имаат незначително подобрување во последните години. Подобрувањето е главно водено од трансферите за пензии (прв график). Но, најранливите и исклучените семејства не го чувствуваат ова подобрување. Стапката на сиромаштијата кај невработените е 44% (втор график), кај самохран родител со издржувани деца е скоро 30%, а кај домаќинства со двајца возрасни со три и повеќе издржувани деца е скоро 50%. За разлика до пред неколку години, кога за овој проблем многу малку се зборуваше, сега забележуваме поголема свест и дебата дека овој проблем постои. Но, реално, не се преземаат (или се многу малку) мерки кои ќе го решат на долг рок. Од досега преземените мерки, сите се главно парични: незначително зголемување на социјална помош, детски паричен додаток, паричен додаток за инвалидитет, еднократна парична помош. Паричните бенефити ги ублажуваат проблемите, но не ги решаваат трајно бидејќи не им вградуваат вештини на луѓето, не им ја зголемуваат нивната и...