Skip to main content

Невозвратена љубов од државата

Синот никогаш не сакаше да замине, секогаш велеше јас не сакам да живеам во странство. Ама, немаше доволно пари за живот овде, и мораше да замине“ – раскажува мајка на иселеник во рамки на интервјуата направени од Finance Think во рамки на проектот „Миграцијата како социјална заштита: Анализа на македонски, албански и српски домаќинства што примаат дознаки“ поддржан од Регионалната Програма за Унапредување на Истражувањето.  

Точно е. Сите заминале заради невозвратена љубов. Но, не љубов од човек на човек, туку љубов од држава (Македонија) на човек. Државата и институциите не успеале да ги „згрижат“ овие луѓе и да им обезбедат елементарни услови за живот, па истите морале да бараат љубов од друга земја. Длабинските интервјуа на 20 испитаници кои имаат најмалку еден член од семејството што живее и работи надвор од државава, покажаа дека сите се исселиле заради економски мотив. Неможноста да се најде работа и лошиот квалитет на живот се примарни причини што ги натерале овие лица да ги напуштат своето семејство и татковина. Зборовите „Таа живееше овде, дипломираше и не можеше да најде работа. Затоа замина“ и „Заминаа бидејќи се со факултети, но не можеа да најдат работа, а имаат и дете. Не можеа да се снајдат, и заминаа“ потврдуваат дека никој не заминал заради емотивни причини, туку во потрага по подобар живот. Тоа го потврдуваат и резултатите од Анкетата за дознаки, спроведена во 2012 година на репрезентативен примерок од 1000 испитаници.

Графикон: Причини за исселување од Македонија



И не само што заминале за да си обезбедат поквалитетен живот себеси, туку ги одржуваат во живот и нивните семејства што останале да живеат овде. Поразителен е фактот дека без парите од иселениците, семејствата би биле многу поранливи, а земјава уште посиромашна. „Ми праќаат децата пари, за да можеме овде да преживееме и да ги платиме трошоците“ – вели мајка на иселеник во Англија, а друга раскажува „Ако немам некои мали финансии од ќерката од Швајцарија, јас не можам да живеам“.

Анализата на Finance Think покажа дека семејствата што примаат дознаки, а тоа значи дека имаат најмалку еден иселеник, се поздрави, подобро облечени, подобро нахранети и се соочуваат со помала веројатност да станат сиромашни. Тоа значи дека живееме во време „тешко на она семејство што нема иселеник во странство“.

И за крај, да ја спомнеме и љубовта. Непреболената љубов од родител за дете заради невозвратената љубов од Македонија кон истото тоа дете. Овие зборови на родител чие дете веќе 8 години живее стотици километри оддалечено од него, најдобро ја опишуваат таа љубов:
Мене ми е многу тешко што сум сама. Јас, како и секоја мајка сакам децата да ми се тука, ама ако децата не се среќни а живеат овде, јас би сакала да се среќни, иако не се со мене. А гледам дека се среќни таму, бидејќи имаат убави услови за живот, доволно пари за живот. Додека беа овде, не можеа ни на одмор да појдат, ни нешто во куќата да средат. А сега, сега гледам дека се среќни, дека имаaт за  одмор, дека имаат и мене да ми пратат и да појдам таму, и кога ќе се вратат овде, си купуваат и си трошат. Реновираа дома еве оваа година, и в година планираат куќата целосно да ја реновираат. А овде, немаше никогаш да успеат во тоа.“

Деспина Туманоска
Програмски координатор во Finance Think

Comments

Popular posts from this blog

Што потоа?

Меѓународните институции веќе излегоа со проекции за македонската економија. Светска Банка предвидува пад на економската активност од 0,4%, додека Меѓународниот Монетарен Фонд проектира пад од 4% за 2020 година. Finance Think проектира вкупен економски пад за 2020 година од -3.8%.  Извор: Finance Think Иако постојат низа неизвесности, две работи се сигурни: 1) економијата ќе искуси рецесија, и 2) економските текови нема да бидат исти по корона-кризата. Последиците од Ковид- 19 ќе ги погодат сите: Домашните компании, ќе страдаат поради ограничена побарувачка од граѓаните која во моментов е сведена на храна и лекови. Компаниите чии производи/услуги не се во оваа група основни производи искусуваат голем шок на побарувачката за нивните производи. Дел од компаниите нема да ја преживеат оваа криза. Странските инвестиции во земјата кои се дел од глобалните синџири на добавување,  веројатно ќе се соочат со потешкотија да набават инпути за производство, а од друга страна

Пандемиската инфлаторна сага

  Во последните неколку недели, нагорните движења на цените на одредени производи ги вознемирија граѓаните создавајќи перцепција дека земјата се движи по инфлаторна спирала. Стравот од „прегревање“ на економијата и инфлација не е присутен само кај граѓаните, туку и кај економските експерти кои внимателно го интерпретираат потенцијалниот ефект врз инфлацијата од фискалниот стимулус даден во текот на пандемијата во најголем дел од земјите. Сепак, разградувањето на сложувалката од фактори кои доведоа до притисок врз цените во овој период може да го намали стравот од долгорочна инфлација. Со оглед на самата природа на пандемискиот шок и создадената неизвесност, очекувани се привремени движења во генералното ниво на цени. Постојат најмалку пет фактори за зголемената варијабилност на инфлацијата во овој период. Прво , цените на горивата искусија значајни   циклични движења во текот на пандемијата каде до април 2020 имаа значаен пад и потоа враќање на предпандемиското ниво со нагорен тренд

Политичката криза почна да ја разорува економијата

Светска Банка донесе одлука да ја прекине втората фаза од Програмата за подобрување на општинските услуги во Македонија со која требаше да се обезбедат заеми за инвестиции во инфраструктурата во 57 општини во земјава (снабдување со вода, канализација, управување со цврст отпад, локални патишта, подобрување на енергетската ефикасност на општинските згради и друга општинска инфраструктура со висок приоритет). За да се реализираат овие планирани проекти, Владата и општинските власти ќе треба планираните средства да ги обезбедат од други извори, или во најлош случај, да се откажат од нивна реализација. Но, спорна е и првата опција, финансирање на проектите од други извори. Веќе почнаа да доаѓаат „закани“ за целосно стопирање на кредитирањето и од Европската Комисија и други институции под надлежност на ЕУ. Во ваква ситуација, задолжувањето на странски пазар и позајмување пари од приватни инвеститори е опција за прибирање на потребните средства за реализација на планираните активности. Н