Skip to main content

Колку евра должи Македонија?

Бруто надворешниот долг на Македонија на крајот на првиот квартал годинава изнесува 6.185 милијарди евра, односно 68.7% од БДП. Скоро половина, односно 3.024 милијарди евра е јавен долг, односно долг на државата, централната банка, јавните банки и јавните претпијатија, а остатокот му припаѓа на приватниот сектор. Графикон 1 покажува дека најголеми јавни должници се државата и јавните претпијатија, кои должат речиси 90% од вкупниот јавен долг.



Надворешниот долг е износ на обврски кон нерезиденти. За само три месеци, надворешниот долг на земјава се зголемил за 230 милиони евра. Најголем дел од ова зголемување се должи на зголемените обврски на НБРМ по однос на репо договори и зголемените обврски на нефинансиските институции, 258 и 61 милиони евра, соодветно. За разлика од нив, обврските на државата и банкарскиот сектор кон нерезиденти е намален во однос на последниот квартал од 2014 година за 104 и 12 милиони евра, соодветно.


Државата како должник, е најинтересна за анализа. Графиконот покажува дека, во анализираниот период, единствено значително нагорно „поместување“ на кривата на долг на државата е забележан во третиот квартал од 2014 година, заради издавањето на 7 годишната Еврообврзница во износ од 500 милиони евра. На крајот на првиот квартал годинава, бруто надворешниот долг на државата изнесува 2.020 милијарди евра, што е за 104 милиони помал долг во однос на претходниот квартал. Ова намалување најмногу се должи на исплатениот долг од 174 милиони евра кон ММФ, во февруари годинава. Бруто надворешниот долг намален за побарувањата на државата од нерезиденти изнесува 1.965 милијарди евра.


Она што е уште поинтересно е како се трошат средствата генерирани од надворешно задолжување. Дали истите се вложуваат во инфраструктурни проекти кои ќе привлечат странски инвеститори и во други капитални инвестиции кои ќе го забрзаат економскиот раст на земјава, или се користат само како средство за задржување на власта и исполнување на сопствените хирови. 

Comments

Popular posts from this blog

Што потоа?

Меѓународните институции веќе излегоа со проекции за македонската економија. Светска Банка предвидува пад на економската активност од 0,4%, додека Меѓународниот Монетарен Фонд проектира пад од 4% за 2020 година. Finance Think проектира вкупен економски пад за 2020 година од -3.8%.  Извор: Finance Think Иако постојат низа неизвесности, две работи се сигурни: 1) економијата ќе искуси рецесија, и 2) економските текови нема да бидат исти по корона-кризата. Последиците од Ковид- 19 ќе ги погодат сите: Домашните компании, ќе страдаат поради ограничена побарувачка од граѓаните која во моментов е сведена на храна и лекови. Компаниите чии производи/услуги не се во оваа група основни производи искусуваат голем шок на побарувачката за нивните производи. Дел од компаниите нема да ја преживеат оваа криза. Странските инвестиции во земјата кои се дел од глобалните синџири на добавување,  веројатно ќе се соочат со потешкотија да набават инпути за производство, а од друга страна

Пандемиската инфлаторна сага

  Во последните неколку недели, нагорните движења на цените на одредени производи ги вознемирија граѓаните создавајќи перцепција дека земјата се движи по инфлаторна спирала. Стравот од „прегревање“ на економијата и инфлација не е присутен само кај граѓаните, туку и кај економските експерти кои внимателно го интерпретираат потенцијалниот ефект врз инфлацијата од фискалниот стимулус даден во текот на пандемијата во најголем дел од земјите. Сепак, разградувањето на сложувалката од фактори кои доведоа до притисок врз цените во овој период може да го намали стравот од долгорочна инфлација. Со оглед на самата природа на пандемискиот шок и создадената неизвесност, очекувани се привремени движења во генералното ниво на цени. Постојат најмалку пет фактори за зголемената варијабилност на инфлацијата во овој период. Прво , цените на горивата искусија значајни   циклични движења во текот на пандемијата каде до април 2020 имаа значаен пад и потоа враќање на предпандемиското ниво со нагорен тренд

Инвестиции и состојби во Македонското здравство

Зголемени инвестиции во здравство Буџетските средства наменети за Министерството за здравство континуирано се зголемуваат. За пет години, владините инвестиции во здравството пораснале за 3.7 милијарди денари, или од 0.49% од БДП во 2010, на 1.05% во 2015 година . Графикон 1 : Буџет на Министерство за Здравство Најголем дел од расходите на министерството се трошат за финансирање на трите главни програми: капитални инвестиции, превентивна здравствена заштита и куративна здравствена заштита. Куративната здравствена заштита вклучува бесплатни мерки за лекување на одредени заболувања и превенција и унапредување на здравјето на населението, а особено за ранливите категории на граѓани. Покрај зголеменото финансирање на буџетот на МЗ, во изминатите пет години се забележани и значајни измени во структурата на расходите. Имено, до 2012 година, приоритетни биле капиталните инвестиции, со оглед на тоа што над 40% од вкупните расходи се издвојувале за финансирање на овие инвестиции