Skip to main content

Локално буџетирање – учествуваат ли жителите на Крушево, Кривогаштани и Прилеп во овој процес?


Партиципативно буџетирање е процес на донесување одлуки во заедницата со непосредно и директно вклучување на граѓаните во процесот на давање идеи и предлози за начинот на распреелба на јавните средства. Истото, предвидува вклучување на жителите на една општина во процесот на подготовка на општинскиот буџет и неговите приоритети и задачи. Дали овој процес е пракса во нашите општини? За да одговориме на ова прашање, спроведивме фокус групи со жители на Прилеп, Крушево и Кривогаштани, кои дадоа подетални информации за нивните искуства и вклученост во креирањето на буџетот на општината во која живеат.
За жал, искуствата во сите три оптшини се речиси идентични. Слаба вклученост и информираност на жителите за процесот на креирање на локалните буџети.
До сега никогаш не сум бил вклучен во креирањето на општинскиот буџет. Нашето мислење никој не го слуша“ –жител на општина Кривогаштани, 26 години, студент.
„Искрено, ниту сум учествувала ниту сум била информирана дека имам право да учествувам во процесот на креирање на буџетот“ – жителка на Прилеп, 33 години, економист.
Немам никакво искуство досега со креирањето на буџетот на локалната самоуправа, затоа што сметам дека тоа е многу затворена институција“ – жител на Крушево, 34 години, теолог.
На што се должи тоа? Генерално, жителите и останатите локални засегнати страни ретко учествуваат во процесот на локално буџетирање: од една страна, поради нивната ниска свест и интерес за тоа како оваа активност може да им биде корист; од друга страна, бидејќи локалните самоуправи продолжуваат да се однесуваат самостојно во процесот на буџетирање и да даваат приоритет на трошењето врз основа на сопствените убедувања, а не на фактичките проценки за потребите и ефективноста.
„Жителите на Кривогаштани не се заинтересирани да учествуваат во овој процес. Радо би седеле и пиеле кафе, отколку да предизвикаат некаква промена“ – жителка на општина Кривогаштани, 32 години.
Како да се надмине тоа? Во дискусиите со граѓаните на овие три општини произлегоа препораки од нив за поефикасна и поголема нивна вклученост во општинското буџетирање, како на пример:
„Јас сум сепак за едно посебно независно тело од три до пет лица, што ќе си го одберат граѓаните и тоа тело ќе биди во директна комуникација со Советот. Се знае: октомври се прават плановите каде ќе се насочат годишни, акциони и така натаму. Декември се гласа Буџетот. Кога ќе се изготви акциониот план, тоа тело е должно да ги собери, ене ја салата... не може да ги даде сите податоци. И не е фер да се дадат сите податоци. Да бидеме реални. Секое населено место да има приоритет. Граѓанските организации треба да бидат вклучени и би сакала и бизнис секторот да биде вклучен.“ - жителка на општина Кривогаштани, 32 години, вработена во невладин сектор.
Еве јас ќе кажам. За поефикасно да биди то, нека се организира еднаш месечно еден форум, средба на граѓаните со Градоначалникот. Нека се кажат проблемите, нека има од страна на Градоначалникот: излегувам и кажувам ова и ова, ова и ова, овие се средствата. Еднаш месечно е доволно средба со граѓаните. Отворена  средба со граѓаните. Ете ја салата ја имаме, ете луѓе повелете што имате да ми кажете, што имам да ви кажам на вас. - жител на општина Кривогаштани, 24 години, студент, член на Младинскиот совет во општина Кривогаштани.
Мислам дека е добро да постои некаков локален информатор и така ќе бидат повеќе информирани за тоа што се случува во општината и какви потреби има... - жител на општина Крушево, 29 години, стоматолог.
Сепак, воведувањето на разни тела/информатори кои ги предлагаат жителите, нема во голема мера да го реши проблемот на (не)вклученост на жителите во креирањето на локалните буџети. Пред се треба да се работи на зголемување на мотивацијата на жителите да учествуваат во овој процес, со оглед на тоа што локалниот буџет истиот се полни со нивни пари, а активностите и идеите што ќе се финансираат со тие пари треба да водат кон подобрување на животниот стандард на жителите.

*Автор на текстот е истражувач од Институтот за економско истражување и политики FINANCE THINK – Скопје, кој го спроведува проектот „Активно вклучување на граѓаните во креирање и мониторинг на локалниот буџет и јавните набавки“ во рамки на регионалниот ЕУ Вебер проект, поддржан од Инситутот за Европска Политика Скопје.

Comments

  1. Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои страдаат во нивните врски бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и нашите две деца за друга жена три години. Се обидов да бидам силна само за моите деца, но не можев да ја контролирам болката што го мачеше моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па истражував на интернет и наидов на една страница каде што видов дека д-р Елен, која работи на правопис, може да помогне да се вратат саканите. Ја контактирав и таа ми направи посебна молитва и магии. На мое изненадување, мојот сопруг повторно се врати дома по 2 дена. Така се обединивме и имаше многу љубов, радост и мир во семејството. Можете исто така да контактирате со д-р Елен, моќен магија за решенија
    1) Врати се дечко
    2) Повторно обединете маж или жена
    3) Ако имате кошмари
    4) Исцелување на ХИВ и рак
    5) Моќен магичен прстен
    6) Магија за среќа
    7) Раскинување на опсесијата
    8) Проблеми со породувањето и бременоста
    9) среќен лотарски број
    Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog

Што потоа?

Меѓународните институции веќе излегоа со проекции за македонската економија. Светска Банка предвидува пад на економската активност од 0,4%, додека Меѓународниот Монетарен Фонд проектира пад од 4% за 2020 година. Finance Think проектира вкупен економски пад за 2020 година од -3.8%.  Извор: Finance Think Иако постојат низа неизвесности, две работи се сигурни: 1) економијата ќе искуси рецесија, и 2) економските текови нема да бидат исти по корона-кризата. Последиците од Ковид- 19 ќе ги погодат сите: Домашните компании, ќе страдаат поради ограничена побарувачка од граѓаните која во моментов е сведена на храна и лекови. Компаниите чии производи/услуги не се во оваа група основни производи искусуваат голем шок на побарувачката за нивните производи. Дел од компаниите нема да ја преживеат оваа криза. Странските инвестиции во земјата кои се дел од глобалните синџири на добавување,  веројатно ќе се соочат со потешкотија да набават инпути за производство, а од друга страна

Пандемиската инфлаторна сага

  Во последните неколку недели, нагорните движења на цените на одредени производи ги вознемирија граѓаните создавајќи перцепција дека земјата се движи по инфлаторна спирала. Стравот од „прегревање“ на економијата и инфлација не е присутен само кај граѓаните, туку и кај економските експерти кои внимателно го интерпретираат потенцијалниот ефект врз инфлацијата од фискалниот стимулус даден во текот на пандемијата во најголем дел од земјите. Сепак, разградувањето на сложувалката од фактори кои доведоа до притисок врз цените во овој период може да го намали стравот од долгорочна инфлација. Со оглед на самата природа на пандемискиот шок и создадената неизвесност, очекувани се привремени движења во генералното ниво на цени. Постојат најмалку пет фактори за зголемената варијабилност на инфлацијата во овој период. Прво , цените на горивата искусија значајни   циклични движења во текот на пандемијата каде до април 2020 имаа значаен пад и потоа враќање на предпандемиското ниво со нагорен тренд

Инвестиции и состојби во Македонското здравство

Зголемени инвестиции во здравство Буџетските средства наменети за Министерството за здравство континуирано се зголемуваат. За пет години, владините инвестиции во здравството пораснале за 3.7 милијарди денари, или од 0.49% од БДП во 2010, на 1.05% во 2015 година . Графикон 1 : Буџет на Министерство за Здравство Најголем дел од расходите на министерството се трошат за финансирање на трите главни програми: капитални инвестиции, превентивна здравствена заштита и куративна здравствена заштита. Куративната здравствена заштита вклучува бесплатни мерки за лекување на одредени заболувања и превенција и унапредување на здравјето на населението, а особено за ранливите категории на граѓани. Покрај зголеменото финансирање на буџетот на МЗ, во изминатите пет години се забележани и значајни измени во структурата на расходите. Имено, до 2012 година, приоритетни биле капиталните инвестиции, со оглед на тоа што над 40% од вкупните расходи се издвојувале за финансирање на овие инвестиции