Skip to main content

Ограничени, но квалитетни социјални услуги во Прилеп и Долнени


Жителите на општините Прилеп и Долнени имаат на располагање голем број социјални услуги во делот на социјална превенција, вонинституционална и институционална заштита, согласно законската регулатива. Но, нејзиното спроведување на терен ги открива слабостите и просторот за подобрување на испораката и искористеноста на услугите. Жителите на општина Прилеп може во целост да ги добијат само услугите во делот на социјална превенција, преку Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Прилеп, но во делот на (вон)институционална заштита, достапни се социјални услуги само за три ранливи категории граѓани, и тоа: лица со посебни потреби, лица со церебрална парализа и стари лица. За жителите на општина Долнени, пак, горенаведените услуги не се достапни на нивната територија, па тие мора да ги користат на територија на општина Прилеп, што значи дополнителни трошоци за пат и време. Дополнително, жителите на општина Долнени се неинформирани за расположливите социјални услугите, поради тоа што ЦСР Прилеп нема физичка канцеларија во оваа општина. Дел од социјалните услуги се нудат од Општина Долнени и граѓански организации, во рамки на проекти помогнати од меѓународни институции, но ова не го решава недостигот од социјални услуги на долг рок, бидејќи тие се пружат само за времетраењето на проектот и потоа најчесто престануваат со работа.
Сепак, оние услуги што им се достапни на жителите на овие две општини, во делот на вонинститутционална и институционална заштита, се навистина квалитетни. Штитениците на Домот за стари лица Киро Крстески Платник – Прилеп искажаа големо задоволство: „Јас сум презадоволна, јадењето е добро, сите се дружиме, се забавуваме. Не посетуваат разни лица, кога имам потреба можам слободно да излезам од домот, да одам на гости, да шетам“.Во однос на храната, велат: „Јас сум на инсулин, и кога на другите им даваат блага кифла, мене ми даваат солена. Наместо бел, ми даваат црн леб. Ми даваат незасладени чај и млеко.“ „Храната е разновидна, има за сечиј вкус.“ Менаџментот на Домот е посветен на подобрување на услугите што ги нуди оваа институција преку реконструкција на постојната столарија, врати и прозорци, активација на постојниот систем за соларна енергија и набавка на машини за перење алишта и садови.
Дневниот центар за лица со посебни потреби Ѕуница го посетуваат 19 деца, кои добиваат активности за стекнување животни и работни вештини, социјални, културни и рекреативни активности, едукација и социјална поддршка. Родителите на овие деца се многу задоволни од услугите што им се пружаат: „Овде се едуцираат, стекнуваат хигиенски навики, учат да комуницираат, едноставно се социјализираат“; „Ги носат на еднодневни екскурзии, и тоа бесплатно. Беа Крушево, беа Битола. Само така имаат можност да прошетаат негде. Ние не можеме да им го пружиме тоа.“ Големо е задоволството и од односот на вработените лица, но и родителите и вработените ја истакнуваат потребата од дополнителни вработувања во овој центар: „Презадоволни сме од наставничките, како работат со децата, како ги воспитуваат“; „Фалат вработени, овие четири не можат да стасаат. Има и потешки деца, им треба повеќе внимание“ – велат родителите. „Со овој капацитет не сме спремни за индивидуална работа и да извлечеме максимум.
Новоотворениот Центар за лица со церебрална парализа пак, има капацитет за 25 лица, но во моментот го посетуваат 15 лица, поради недоволната информираност и скептицизмот за функционирањето на овој центар. Тие 15 лица, секојдневно добиваат физикална терапија, се едуцираат и социјализираат по најсовремени програми, имаат два оброци и обезбеден превоз до и од нивниот дом. Мајка на дете што го посетува овој центар вели: „Јас и моето дете сме презадоволни. Секогаш дома се враќа насмеана, среќна, исполнета, што за мене е најважно од се.“
Сепак, во Прилеп и Долнени недостигаат социјални услуги за многу други ранливи категории лица. Според претставник на Центарот за социјална работа Прилеп: “Прифатилиштата ни се потребни за деца на улица, за бездомници, за лица кои во даден момент како жртви на семејно насилство треба да ги згрижиме, зимно време да ги затоплиме, нахраниме, а во крајна линија физички да ги заштитиме од сите насилници.”

Автор на текстот е истражувач од Институтот за економско истражување и политики FINANCE THINK - Скопје, кој го спроведува проектот „360о мониторинг на испораката на социјални услуги на локално ниво: Искуства од општините Прилеп и Доленени“ финансиран од Европска Унија, Фондација Отворено Општество-Македонија и Евротинк - Центар за европски стратегии. Содржината е единствена одговорност на Finance Think и на ниту еден начин не ги одразува гледиштата на Европска Унија, Фондацијата Отворено општество – Македонија и Евротинк-Центар за европски стратегии.

Comments

  1. Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои страдаат во нивните врски бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и нашите две деца за друга жена три години. Се обидов да бидам силна само за моите деца, но не можев да ја контролирам болката што го мачеше моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па истражував на интернет и наидов на една страница каде што видов дека д-р Елен, која работи на правопис, може да помогне да се вратат саканите. Ја контактирав и таа ми направи посебна молитва и магии. На мое изненадување, мојот сопруг повторно се врати дома по 2 дена. Така се обединивме и имаше многу љубов, радост и мир во семејството. Можете исто така да контактирате со д-р Елен, моќен магија за решенија
    1) Врати се дечко
    2) Повторно обединете маж или жена
    3) Ако имате кошмари
    4) Исцелување на ХИВ и рак
    5) Моќен магичен прстен
    6) Магија за среќа
    7) Раскинување на опсесијата
    8) Проблеми со породувањето и бременоста
    9) среќен лотарски број
    Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog

Пандемиската инфлаторна сага

  Во последните неколку недели, нагорните движења на цените на одредени производи ги вознемирија граѓаните создавајќи перцепција дека земјата се движи по инфлаторна спирала. Стравот од „прегревање“ на економијата и инфлација не е присутен само кај граѓаните, туку и кај економските експерти кои внимателно го интерпретираат потенцијалниот ефект врз инфлацијата од фискалниот стимулус даден во текот на пандемијата во најголем дел од земјите. Сепак, разградувањето на сложувалката од фактори кои доведоа до притисок врз цените во овој период може да го намали стравот од долгорочна инфлација. Со оглед на самата природа на пандемискиот шок и создадената неизвесност, очекувани се привремени движења во генералното ниво на цени. Постојат најмалку пет фактори за зголемената варијабилност на инфлацијата во овој период. Прво , цените на горивата искусија значајни   циклични движења во текот на пандемијата каде до април 2020 имаа значаен пад и потоа враќање на предпандемиското ниво со нагор...

Што потоа?

Меѓународните институции веќе излегоа со проекции за македонската економија. Светска Банка предвидува пад на економската активност од 0,4%, додека Меѓународниот Монетарен Фонд проектира пад од 4% за 2020 година. Finance Think проектира вкупен економски пад за 2020 година од -3.8%.  Извор: Finance Think Иако постојат низа неизвесности, две работи се сигурни: 1) економијата ќе искуси рецесија, и 2) економските текови нема да бидат исти по корона-кризата. Последиците од Ковид- 19 ќе ги погодат сите: Домашните компании, ќе страдаат поради ограничена побарувачка од граѓаните која во моментов е сведена на храна и лекови. Компаниите чии производи/услуги не се во оваа група основни производи искусуваат голем шок на побарувачката за нивните производи. Дел од компаниите нема да ја преживеат оваа криза. Странските инвестиции во земјата кои се дел од глобалните синџири на добавување,  веројатно ќе се соочат со потешкотија да набават инпути за производство, а од...

Осмомартовски (не) еднаквости (портали: Фактор и Окно, 08.03.2015)

Секој осми март може да се забележи една иста слика: се подаруваат цвеќиња, кармини и слични дреболии, се прославува по ресторани и кафулиња и се организираат различни веселби по повод денот на жената. Зарем жените се толку еднакви во општеството па повеќе нема за што да се борат? Само 39.5% од вработените се жени, а дури 64% не се активни на пазарот на труд. Сеуште, во нашето општество имаме стереотипни размислување дека грижата за семејството и децата е главно  обврска на жената. Тоа го покажува и статистиката, бидејќи скоро половина од жените кои не се активни на пазарот на труд, како причини ги наведиле грижата за семејните обврски (34%) и одгледувањето деца и стари лица (10%). Од друга страна се вработените жени, кои успеале да се вклучат во општеството, финансиски се помалку зависни и се борат нивниот глас да се слушне и да предизвика некоја промена. Но, повторно постои нееднаквост. Нивните колеги мажи во просек имаат повисока плата за дури  10%. Дополнително, н...