Skip to main content

СИРОМАШЕН БУЏЕТ

Започна расправата за Буџетот за наредната 2014 година. До крајот на годината ќе бидеме сведоци на жестоки дебати по ова прашање. И само тоа. Само обични набљудувачи на расправата во Собранието. Иако во светот, во процесот на креирање и изгласување на Буџетот учествуваат не само владини претставници и парламентарци, туку и припадници на граѓанското општество, па дури и пошироката јавност, кај нас еден и единствен кој има ингиренции за изготвување и донесување на Буџетот е Министерот за финансии. Прва разлика.

Основната цел на еден Буџет е да обезбеди повисок економски раст и поголема социјална стабилност во годината што следи. Односно, секој Буџет има две компоненти: развојна и социјална. Првата, развојната, е насочена кон постигнување на првата цел, повисок економски раст, а социјалната компонента треба да обезбеди повисока социјална стабилност во однос на претходните години. Во светот, развојната компонента вклучува инвестиции во патишта, болници, училишта, студентски домови, а кај нас инвестиции во бронза. Втора разлика. Крпени автопати, руинирани училишта, болници без основна апаратура и студентски домови без човечки услови за живеење се резултат на ваквиот Буџет. Но, тука се илјадниците фигури на незнајни (со мали исклучоци) јунаци, за кои до ден денес не ми е јасно како ќе ја развијат економијата, освен што мојата и генерациите после мене, не задолжија до гуша.

Еве и една светла точка. Социјалната компонента. Зголемувањето на социјалните надоместоци е добро, иако не верувам дека и така зголемени се доволни за извршување на основните човечки потреби. Долго време се прашував дали е можно да се преживее  месецот со 1100 денари? Илјадниците  околу мене кои вака преживуваат ми докажаа дека било возможно, а како, само тие си знаат. Добро е и зголемувањето на пензиите и платите на јавните административци за 5% од март и октомври, соодветно. Во светот ова се прави континуирано, а кај нас нели празници (читај избори) се ближат.  Трета разлика.



Сиромаштијата и нејзиното искоренување, како една од Милениумските цели на Обединетите Нации и стратешки приоритет на нашата Влада, е горлив проблем одамна. Во Буџетот на РМ постојат бројни програми и мерки кои се насочени кон решавање на овој проблем. Активни мерки за намалување на сиромаштијата, поттикнување на вработувањето на социјално загрозени лица, изградба на социјални станови, ревитализација и електификација на напуштени села, субвенционирање на вработувањето на лица со инвалидитет итн. Бесконечна листа која го пали светлото на крајот на тунелот. Ама, кога ќе стигнеш на крајот, сфаќаш дека сијалицата одамна прегорела. За сите овие активни програми чија основна цел е намалување на сиромаштијата, во Буџетот се издвојуваат помалку од 1% од вкупните средства. Така било години наназад, мислам дека така ќе биде и следнава година. Во чуда одамна не верувам. Ако се знае дека во светот, најголем дел од Буџетот се користи за финансирање на програми за намалување на сиромаштијата, а кај нас само еден мизерен процент, тогаш четвртата разлика се гледа од авион.

Пасивните мерки за намалување на сиромаштијата пак, се составени од различните видови социјални трансфери кои им се доделуваат на лица изложени на социјален ризик. И овде листата е долга: социјална заштита, институционална заштита, неинституционална заштита, финансиска помош за деца без родители, за мајки на трето дете, мајки на четврто дете, здравствена заштита итн. Сите сме слушнале за социјална помош и детски додаток, затоа што познаваме еден куп луѓе кои се корисници на ваков вид помош. По број се многу, ама по квалитет се никакви. Обезбедуваат средства за (не)живот, под секое достоинствено ниво за нормално живеење. И пак ќе го поставам прашањето чиј одговор боли. Може ли да се преживее месецот со 1100 денари? Петтата разлика лежи во одговорот.

Разлики колку сакаш, видливи со голо око. Може да се забележат уште при отворање на влезната врата од домот. Бронза и сиромаштија насекаде. Ама тоа е. Сиромашна држава – сиромашен Буџет.

М-р Деспина Петреска

Економски аналитичар во „Finance Think”

Comments

Popular posts from this blog

Пандемиската инфлаторна сага

  Во последните неколку недели, нагорните движења на цените на одредени производи ги вознемирија граѓаните создавајќи перцепција дека земјата се движи по инфлаторна спирала. Стравот од „прегревање“ на економијата и инфлација не е присутен само кај граѓаните, туку и кај економските експерти кои внимателно го интерпретираат потенцијалниот ефект врз инфлацијата од фискалниот стимулус даден во текот на пандемијата во најголем дел од земјите. Сепак, разградувањето на сложувалката од фактори кои доведоа до притисок врз цените во овој период може да го намали стравот од долгорочна инфлација. Со оглед на самата природа на пандемискиот шок и создадената неизвесност, очекувани се привремени движења во генералното ниво на цени. Постојат најмалку пет фактори за зголемената варијабилност на инфлацијата во овој период. Прво , цените на горивата искусија значајни   циклични движења во текот на пандемијата каде до април 2020 имаа значаен пад и потоа враќање на предпандемиското ниво со нагор...

Што потоа?

Меѓународните институции веќе излегоа со проекции за македонската економија. Светска Банка предвидува пад на економската активност од 0,4%, додека Меѓународниот Монетарен Фонд проектира пад од 4% за 2020 година. Finance Think проектира вкупен економски пад за 2020 година од -3.8%.  Извор: Finance Think Иако постојат низа неизвесности, две работи се сигурни: 1) економијата ќе искуси рецесија, и 2) економските текови нема да бидат исти по корона-кризата. Последиците од Ковид- 19 ќе ги погодат сите: Домашните компании, ќе страдаат поради ограничена побарувачка од граѓаните која во моментов е сведена на храна и лекови. Компаниите чии производи/услуги не се во оваа група основни производи искусуваат голем шок на побарувачката за нивните производи. Дел од компаниите нема да ја преживеат оваа криза. Странските инвестиции во земјата кои се дел од глобалните синџири на добавување,  веројатно ќе се соочат со потешкотија да набават инпути за производство, а од...

Осмомартовски (не) еднаквости (портали: Фактор и Окно, 08.03.2015)

Секој осми март може да се забележи една иста слика: се подаруваат цвеќиња, кармини и слични дреболии, се прославува по ресторани и кафулиња и се организираат различни веселби по повод денот на жената. Зарем жените се толку еднакви во општеството па повеќе нема за што да се борат? Само 39.5% од вработените се жени, а дури 64% не се активни на пазарот на труд. Сеуште, во нашето општество имаме стереотипни размислување дека грижата за семејството и децата е главно  обврска на жената. Тоа го покажува и статистиката, бидејќи скоро половина од жените кои не се активни на пазарот на труд, како причини ги наведиле грижата за семејните обврски (34%) и одгледувањето деца и стари лица (10%). Од друга страна се вработените жени, кои успеале да се вклучат во општеството, финансиски се помалку зависни и се борат нивниот глас да се слушне и да предизвика некоја промена. Но, повторно постои нееднаквост. Нивните колеги мажи во просек имаат повисока плата за дури  10%. Дополнително, н...