Skip to main content

Довербата на штедачите: сензитивна како стакло но моќна како торнадо (Дневник, 22.03.2012)


Дел од последиците на големата депресија од минатиот век се припишуваат на масовното повлекување на депозити. Од поблиската иднина, масовно повлекување на депозити имаат искусено Шпанската банка “Banesto” и Малезиската MBf Finance Berhad” во 90 тите години, а при последната финансиска криза од 2008 година банкротираа повеќе банки.  Трошоците за спасување на банките и банкарските системи се огромни. Според статистиката на Меѓународниот Монетарен Фонд, санацијата на банкарските системи достигнува и до 57% од БДП (случајот на Индонезија). Масовното повлекување на депозити е причината за банкротства на банки но и извор за финансиска криза. Масовното повлекување на депозити настанува поради недоверба на штедачите за сигурноста на нивните депозити. Може да биде случај на индивидуална банка,  но и поретки но неисклучени масовни повлекувања на депозити во цел банкарски систем. Во случаи на општо масовно повлекување на депозити, постои ризик од целосно банкротство на банкарскиот систем и сериозни последици за целокупната економија. Со ваков ризик се соочува моментално Кипар.

За да добие Кипар финансиска помош од 10 милијарди евра од Еврозоната, потребно е да им конфискува 5,8 милијарди евра на штедачите. Притоа, штедачите со депозити од 20000 до 100000 евра ќе мора да платат 6,75%, додека оние над 100000 евра 9,9% од нивниот депозит. За возврат штедачите ќе добијат акции во банките. Оваа понуда, можеби немаше за цел да ги оштети штедачите со мали депозити и беше наменета за Руските тајкуни кои го третираа Кипар за даночен рај, но ваквата понуда од страна на Европските лидери створи паника помеѓу штедачите во Кипар. Штедачите исплашени за сопствените депозити, масовно ги повлекуваа парите од банкоматите, а повлекувањето на депозитите од сметките е се поизвесно штом ќе се отворат банките. Во меѓувреме, првичната понуда е се поизложена на критика од страна на високи функционери во светот како рускиот претседател но и некои министри од Еврозоната, како и експертската јавност. Парламентот на Кипар не ја изгласа првичната понудата за финансиска помош за конфискација на депозитите од Еврозоната, но довербата на штедачите е веќе разнишана.
Последиците од ваквата состојба можат да бидат значително поголеми од износот за кој беше “истргувана” довербата на штедачите. Прво, масовното повлекување на депозитите ќе предизвика нелквидност и несолвентност и на здрави банки во системот. Второ, евентуален колапс на банкарскиот  систем ќе се прелее врз економската стабилност. Трето, ризикот од прелевање на недовербата во банкарските институции може да се прелее и во други земји од Еврозоната, посебно оние како Шпанија, Грција и Италија кои користат финансиска помош од Еврозоната. И четврто, довербата на штедачите е тешко да се врати, а во случајот на Кипар покрај домашните, многу позначајни се странските штедачи.

Постојат неколку варијанти кои може да се случат. Првата е да се прифати финансиска помош од Еврозоната но да се преиспита првичниот договор, и наместо да им се конфискуваат депозитите за замена за акции од банки кои пропаѓаат, да се претворат во подолгорочни обврски или депозитни сертификати, што е поразумна варијанта. Втората варијанта  е да не се прифати понудата за финансиска помош од Еврозоната. Во оваа ситуација Кипар може да бара финансиски седства од други извори (Русија), притоа ќе се заштити позицијата на даночен рај. А доколку не обезбеди средства за докапитализација,  двете најголеми банки ќе банкротираат, со ризик за прелевање на банкротствата врз целиот банкарски систем, а загубите од осигурените депозити се проценуваат на 30 билиони евра. Ова е најнепожелната варијанта, со најголеми последици и за Кипар, но и за Еврозоната. 



Благица Петрески, докторант
Главен Економист во "Finance Think"

Comments

Popular posts from this blog

Што потоа?

Меѓународните институции веќе излегоа со проекции за македонската економија. Светска Банка предвидува пад на економската активност од 0,4%, додека Меѓународниот Монетарен Фонд проектира пад од 4% за 2020 година. Finance Think проектира вкупен економски пад за 2020 година од -3.8%.  Извор: Finance Think Иако постојат низа неизвесности, две работи се сигурни: 1) економијата ќе искуси рецесија, и 2) економските текови нема да бидат исти по корона-кризата. Последиците од Ковид- 19 ќе ги погодат сите: Домашните компании, ќе страдаат поради ограничена побарувачка од граѓаните која во моментов е сведена на храна и лекови. Компаниите чии производи/услуги не се во оваа група основни производи искусуваат голем шок на побарувачката за нивните производи. Дел од компаниите нема да ја преживеат оваа криза. Странските инвестиции во земјата кои се дел од глобалните синџири на добавување,  веројатно ќе се соочат со потешкотија да набават инпути за производство, а од друга страна

Пандемиската инфлаторна сага

  Во последните неколку недели, нагорните движења на цените на одредени производи ги вознемирија граѓаните создавајќи перцепција дека земјата се движи по инфлаторна спирала. Стравот од „прегревање“ на економијата и инфлација не е присутен само кај граѓаните, туку и кај економските експерти кои внимателно го интерпретираат потенцијалниот ефект врз инфлацијата од фискалниот стимулус даден во текот на пандемијата во најголем дел од земјите. Сепак, разградувањето на сложувалката од фактори кои доведоа до притисок врз цените во овој период може да го намали стравот од долгорочна инфлација. Со оглед на самата природа на пандемискиот шок и создадената неизвесност, очекувани се привремени движења во генералното ниво на цени. Постојат најмалку пет фактори за зголемената варијабилност на инфлацијата во овој период. Прво , цените на горивата искусија значајни   циклични движења во текот на пандемијата каде до април 2020 имаа значаен пад и потоа враќање на предпандемиското ниво со нагорен тренд

Инвестиции и состојби во Македонското здравство

Зголемени инвестиции во здравство Буџетските средства наменети за Министерството за здравство континуирано се зголемуваат. За пет години, владините инвестиции во здравството пораснале за 3.7 милијарди денари, или од 0.49% од БДП во 2010, на 1.05% во 2015 година . Графикон 1 : Буџет на Министерство за Здравство Најголем дел од расходите на министерството се трошат за финансирање на трите главни програми: капитални инвестиции, превентивна здравствена заштита и куративна здравствена заштита. Куративната здравствена заштита вклучува бесплатни мерки за лекување на одредени заболувања и превенција и унапредување на здравјето на населението, а особено за ранливите категории на граѓани. Покрај зголеменото финансирање на буџетот на МЗ, во изминатите пет години се забележани и значајни измени во структурата на расходите. Имено, до 2012 година, приоритетни биле капиталните инвестиции, со оглед на тоа што над 40% од вкупните расходи се издвојувале за финансирање на овие инвестиции