Skip to main content

Posts

Невозвратена љубов од државата

„ Синот никогаш не сакаше да замине, секогаш велеше јас не сакам да живеам во странство. Ама , немаше доволно пари за живот овде, и мораше да замине “ – раскажува мајка на иселеник во рамки на интервјуата направени од Finance Think во рамки на проектот „Миграцијата како социјална заштита: Анализа на македонски, албански и српски домаќинства што примаат дознаки“ поддржан од Регионалната Програма за Унапредување на Истражувањето.   Точно е. Сите заминале заради невозвратена љубов. Но, не љубов од човек на човек, туку љубов од држава (Македонија) на човек. Државата и институциите не успеале да ги „згрижат“ овие луѓе и да им обезбедат елементарни услови за живот, па истите морале да бараат љубов од друга земја. Длабинските интервјуа на 20 испитаници кои имаат најмалку еден член од семејството што живее и работи надвор од државава, покажаа дека сите се исселиле заради економски мотив. Неможноста да се најде работа и лошиот квалитет на живот се примарни причини што ги натерале ови...

Зголемување на пензиите, потреба или ирационалност?

Исплатените пензии во месец септември беа за 621 денар повисоки од претходните. Дополнително зголемување на пензиите е предвидено во дополнетиот предлог буџет за 2016 година. Додека 297.179 пензионер во земјава (ПИОМ) се радуваат на ваквото покачување, во јавноста се разгорува дебатата дали овој чекор на владата е потребен, рационален, издржан и во право време.  Неколку насоки на размислување кои укажуваат на нерационалноста за зголемување на пензиите, се следните:  Прво, пензиите се зголемуваат со повисока стапка на раст од домашната економија. Растот на економијата во тековната и изминатата година е околу 3 %,  додека растот на пензиите е 5%, што го надминува капацитетот на економијата. Графикон 1 покажува дека ваквиот „неусогласен“ тренд започнал во периодот после 2008 година, кога покрај еднократното зголемување на пензиите, скоро сите редовни усогласувања на пензиите се поголеми од растот на економијата. До 2008 година, економијата во просек растела за 3,1% а ...

Колку јавната администрација ја чини државата?

Во изминатиот период актуелна е темата колку има вработени во јавниот сектор. Со оглед на тоа дека нема конкретни информации на тоа колку луѓе се вработени во јавната администрација, бројките се енигма. Многубројните огласи за вработување на Агенцијата за Администрација создаваат слика дека државата е впрочем и најголемиот работодавач и двигател на вработеноста во Македонија. Но, покрај квантитетот на огласите, јавниот сектор е атрактивен и од аспект на плата. Вработените во јавната администрација во просек добиваат 18% повисока плата од просекот на цела земја. Според Државниот Завод за Статистика, просечната нето-плата по вработен во 2014 била 21.393 денари, додека просечната плата во јавната администрација и одбраната изнесувала 25.252 денари. Следствено, се појавува прашањето колку ја чини државата јавната администрација? Во просек, на годишно нивно, државата троши околу 22 милијарди денари за плати и надоместоци на јавната администрација. Иако, овој издаток не забележува драстичен...

Испратени пари

Во потрага по парче леб и подобар живот, дури 247 милиони луѓе во светот живеат и работат надвор од својата татковина и во 2014 година им испратиле 436 милијарди долари на своите семејства што останале да живеат дома. Во Македонија, во 2014 година, влегле 367 милиони долари по основ на дознаки, што е  најмал износ во однос на примените дознаки во земјите од регионов. Но тоа не значи дека овој износ не е доволен, бидејќи истиот изнесува 3.7% од БДП и е далеку поголем од примените странски директни инвестиции и официјалната развојна помош, 127 и 252 милиони долари соодветно. Тоа значи дека државата ужива големи придобивки од овие средства и токму таа треба правилно да го канализира и поддржи засега неискористениот развоен потенцијал на овие средства.  Графикон: Примени дознаки во 2014 година Но, не „ужива“ само државата. Најголеми придобивки од примените дознаки имаат токму примателите на овие средства. Во земјава, 20% од семејствата примаат, во просек, по 25...

Колку евра должи Македонија?

Бруто надворешниот долг на Македонија на крајот на првиот квартал годинава изнесува 6.185 милијарди евра, односно 68.7% од БДП. Скоро половина, односно 3.024 милијарди евра е јавен долг, односно долг на државата, централната банка, јавните банки и јавните претпијатија, а остатокот му припаѓа на приватниот сектор. Графикон 1 покажува дека најголеми јавни должници се државата и јавните претпијатија, кои должат речиси 90% од вкупниот јавен долг. Надворешниот долг е износ на обврски кон нерезиденти. За само три месеци, надворешниот долг на земјава се зголемил за 230 милиони евра. Најголем дел од ова зголемување се должи на зголемените обврски на НБРМ по однос на репо договори и зголемените обврски на нефинансиските институции, 258 и 61 милиони евра, соодветно. За разлика од нив, обврските на државата и банкарскиот сектор кон нерезиденти е намален во однос на последниот квартал од 2014 година за 104 и 12 милиони евра, соодветно. Државата како должник, е најинтересна за анал...

(Не) еднаквост на можности

Сиромаштијата и нееднаквоста во Македонија имаат незначително подобрување во последните години. Подобрувањето е главно водено од трансферите за пензии (прв график). Но, најранливите и исклучените семејства не го чувствуваат ова подобрување. Стапката на сиромаштијата кај невработените е 44% (втор график), кај самохран родител со издржувани деца е скоро 30%, а кај домаќинства со двајца возрасни со три и повеќе издржувани деца е скоро 50%. За разлика до пред неколку години, кога за овој проблем многу малку се зборуваше, сега забележуваме поголема свест и дебата дека овој проблем постои. Но, реално, не се преземаат (или се многу малку) мерки кои ќе го решат на долг рок. Од досега преземените мерки, сите се главно парични: незначително зголемување на социјална помош, детски паричен додаток, паричен додаток за инвалидитет, еднократна парична помош. Паричните бенефити ги ублажуваат проблемите, но не ги решаваат трајно бидејќи не им вградуваат вештини на луѓето, не им ја зголемуваат нивната и...

Новиот закон за хонорари вроди со плод!?

Измените во законот за хонорари предизвикаа бура реакции. Протестираа, дебатираа, анализираа, но загрозените страни не успеаа да го спречат неговото воведување. Од 1 јануари годинава истиот започна да се применува. Иако постојат многу нејаснотии за тоа кој, каде и кога треба да ги плати придонесите за примениот хонорар, сепак законот некако функционира. За неговата успешност говорат и фактите. Владата веќе почна да ги чувствува придобивките од овој закон. И фондот за пензиско и инвалидско осигурување и фондот за здравствено осигурување бележат зголемување на приходите од наплатени придонеси во првите четири месеци од годинава. Ако до лани, приходите од придонеси растеле во просек за 4%-5% во однос на претходната година, генерално заради вообичаениот раст на вкупната економија, годинава, особено последните два месеци од анализираниот период, растот на приходите од придонеси бележи значително повисоки стапки на раст и во двата фондови. Фондот за здравствено осигурување во март и април г...