Skip to main content

Новиот закон за хонорари вроди со плод!?

Измените во законот за хонорари предизвикаа бура реакции. Протестираа, дебатираа, анализираа, но загрозените страни не успеаа да го спречат неговото воведување. Од 1 јануари годинава истиот започна да се применува. Иако постојат многу нејаснотии за тоа кој, каде и кога треба да ги плати придонесите за примениот хонорар, сепак законот некако функционира. За неговата успешност говорат и фактите. Владата веќе почна да ги чувствува придобивките од овој закон. И фондот за пензиско и инвалидско осигурување и фондот за здравствено осигурување бележат зголемување на приходите од наплатени придонеси во првите четири месеци од годинава. Ако до лани, приходите од придонеси растеле во просек за 4%-5% во однос на претходната година, генерално заради вообичаениот раст на вкупната економија, годинава, особено последните два месеци од анализираниот период, растот на приходите од придонеси бележи значително повисоки стапки на раст и во двата фондови. Фондот за здравствено осигурување во март и април годинава, остварил приходи од наплатени придонеси за здравствено осигурување во износ од 1135 и 1209 милиони денари, што е за 10% и 13%, соодветно, повисоки приходи во однос на претходната година. За споредба, во 2014 година биле остварени 4% и -5% раст на приходите, во март и април соодветно, во однос на 2013 година.





И Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, годинава оствари значително повисоки стапки на раст на приходите од наплатени социјални придонеси. Во март и април 2015, наплатени се вкупно 2624 и 2842 милиони денари социјални придонеси, што е за 8% и 13% соодветно, повисоки приходи во однос на истите месеци лани.




Податоците покажуваат дека секој нареден месец од оваа година, наплатените придонеси за здравствено  и социјално осигурување се зголемуваат со забрзани стапки на раст. Дали тоа значи дека плодовите од изменетиот закон за хонорари само што почнаа да зреат, останува да видиме до следното објавување на податоци за реализираниот буџет на овие две институции.

М-р Деспина Петреска
Економски аналитичар во Finance Think

Comments

  1. Ме плаши афирмативиот став елабориран во текстот, а за прашањето од насловот. Можеби следен логички „плод“ би требало да биде, на пример при пренос на сопственост од различен основ (купување, наследство) 37% од сопственоста да се пренесува на „државата“ или на правни, а зошто да не и физички лица ополномоштени од владата. Па понатаму и право на прва брачна ноќ (Prima nocta) за владетелите. Плодови си се плодови!

    ReplyDelete

Post a Comment

Popular posts from this blog

Што потоа?

Меѓународните институции веќе излегоа со проекции за македонската економија. Светска Банка предвидува пад на економската активност од 0,4%, додека Меѓународниот Монетарен Фонд проектира пад од 4% за 2020 година. Finance Think проектира вкупен економски пад за 2020 година од -3.8%.  Извор: Finance Think Иако постојат низа неизвесности, две работи се сигурни: 1) економијата ќе искуси рецесија, и 2) економските текови нема да бидат исти по корона-кризата. Последиците од Ковид- 19 ќе ги погодат сите: Домашните компании, ќе страдаат поради ограничена побарувачка од граѓаните која во моментов е сведена на храна и лекови. Компаниите чии производи/услуги не се во оваа група основни производи искусуваат голем шок на побарувачката за нивните производи. Дел од компаниите нема да ја преживеат оваа криза. Странските инвестиции во земјата кои се дел од глобалните синџири на добавување,  веројатно ќе се соочат со потешкотија да набават инпути за производство, а од друга страна

Пандемиската инфлаторна сага

  Во последните неколку недели, нагорните движења на цените на одредени производи ги вознемирија граѓаните создавајќи перцепција дека земјата се движи по инфлаторна спирала. Стравот од „прегревање“ на економијата и инфлација не е присутен само кај граѓаните, туку и кај економските експерти кои внимателно го интерпретираат потенцијалниот ефект врз инфлацијата од фискалниот стимулус даден во текот на пандемијата во најголем дел од земјите. Сепак, разградувањето на сложувалката од фактори кои доведоа до притисок врз цените во овој период може да го намали стравот од долгорочна инфлација. Со оглед на самата природа на пандемискиот шок и создадената неизвесност, очекувани се привремени движења во генералното ниво на цени. Постојат најмалку пет фактори за зголемената варијабилност на инфлацијата во овој период. Прво , цените на горивата искусија значајни   циклични движења во текот на пандемијата каде до април 2020 имаа значаен пад и потоа враќање на предпандемиското ниво со нагорен тренд

Инвестиции и состојби во Македонското здравство

Зголемени инвестиции во здравство Буџетските средства наменети за Министерството за здравство континуирано се зголемуваат. За пет години, владините инвестиции во здравството пораснале за 3.7 милијарди денари, или од 0.49% од БДП во 2010, на 1.05% во 2015 година . Графикон 1 : Буџет на Министерство за Здравство Најголем дел од расходите на министерството се трошат за финансирање на трите главни програми: капитални инвестиции, превентивна здравствена заштита и куративна здравствена заштита. Куративната здравствена заштита вклучува бесплатни мерки за лекување на одредени заболувања и превенција и унапредување на здравјето на населението, а особено за ранливите категории на граѓани. Покрај зголеменото финансирање на буџетот на МЗ, во изминатите пет години се забележани и значајни измени во структурата на расходите. Имено, до 2012 година, приоритетни биле капиталните инвестиции, со оглед на тоа што над 40% од вкупните расходи се издвојувале за финансирање на овие инвестиции