Skip to main content

Posts

Пандемиската инфлаторна сага

Recent posts

Што потоа?

Меѓународните институции веќе излегоа со проекции за македонската економија. Светска Банка предвидува пад на економската активност од 0,4%, додека Меѓународниот Монетарен Фонд проектира пад од 4% за 2020 година. Finance Think проектира вкупен економски пад за 2020 година од -3.8%.  Извор: Finance Think Иако постојат низа неизвесности, две работи се сигурни: 1) економијата ќе искуси рецесија, и 2) економските текови нема да бидат исти по корона-кризата. Последиците од Ковид- 19 ќе ги погодат сите: Домашните компании, ќе страдаат поради ограничена побарувачка од граѓаните која во моментов е сведена на храна и лекови. Компаниите чии производи/услуги не се во оваа група основни производи искусуваат голем шок на побарувачката за нивните производи. Дел од компаниите нема да ја преживеат оваа криза. Странските инвестиции во земјата кои се дел од глобалните синџири на добавување,  веројатно ќе се соочат со потешкотија да набават инпути за производство, а од друга страна

Ограничени, но квалитетни социјални услуги во Прилеп и Долнени

Жителите на општините Прилеп и Долнени имаат на располагање голем број социјални услуги во делот на социјална превенција, вонинституционална и институционална заштита, согласно законската регулатива. Но, нејзиното спроведување на терен ги открива слабостите и просторот за подобрување на испораката и искористеноста на услугите. Жителите на општина Прилеп може во целост да ги добијат само услугите во делот на социјална превенција, преку Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Прилеп, но во делот на (вон)институционална заштита, достапни се социјални услуги само за три ранливи категории граѓани, и тоа: лица со посебни потреби, лица со церебрална парализа и стари лица. За жителите на општина Долнени, пак, горенаведените услуги не се достапни на нивната територија, па тие мора да ги користат на територија на општина Прилеп, што значи дополнителни трошоци за пат и време. Дополнително, жителите на општина Долнени се неинформирани за расположливите социјални услугите, поради тоа што ЦСР

Локално буџетирање – учествуваат ли жителите на Крушево, Кривогаштани и Прилеп во овој процес?

Партиципативно буџетирање е процес на донесување одлуки во заедницата со непосредно и директно вклучување на граѓаните во процесот на давање идеи и предлози за начинот на распреелба на јавните средства. Истото, предвидува вклучување на жителите на една општина во процесот на подготовка на општинскиот буџет и неговите приоритети и задачи. Дали овој процес е пракса во нашите општини? За да одговориме на ова прашање, спроведивме фокус групи со жители на Прилеп, Крушево и Кривогаштани, кои дадоа подетални информации за нивните искуства и вклученост во креирањето на буџетот на општината во која живеат. За жал, искуствата во сите три оптшини се речиси идентични. Слаба вклученост и информираност на жителите за процесот на креирање на локалните буџети. „ До сега никогаш не сум бил вклучен во креирањето на општинскиот буџет. Нашето мислење никој не го слуша “ –жител на општина Кривогаштани, 26 години, студент. „Искрено, ниту сум учествувала ниту сум била информирана дека имам право да у

Инвестиции и состојби во Македонското здравство

Зголемени инвестиции во здравство Буџетските средства наменети за Министерството за здравство континуирано се зголемуваат. За пет години, владините инвестиции во здравството пораснале за 3.7 милијарди денари, или од 0.49% од БДП во 2010, на 1.05% во 2015 година . Графикон 1 : Буџет на Министерство за Здравство Најголем дел од расходите на министерството се трошат за финансирање на трите главни програми: капитални инвестиции, превентивна здравствена заштита и куративна здравствена заштита. Куративната здравствена заштита вклучува бесплатни мерки за лекување на одредени заболувања и превенција и унапредување на здравјето на населението, а особено за ранливите категории на граѓани. Покрај зголеменото финансирање на буџетот на МЗ, во изминатите пет години се забележани и значајни измени во структурата на расходите. Имено, до 2012 година, приоритетни биле капиталните инвестиции, со оглед на тоа што над 40% од вкупните расходи се издвојувале за финансирање на овие инвестиции

Кога економијата е жртва на политиката

Политичката криза трае веќе една година. Проекциите за економскиот раст за минатата година беа надолно ревидирани од сите релевантни институции (ММФ; Светска Банка, НБРМ). За изненадување, годината ја завршивме со раст повисок од ревидираните проекции. И помисливме дека домашните бизнисмени се пожилави од тоа што сме процениле, а кризата ги зајакнала. Сепак, повисокиот раст се должеше на зголемената државна интервенција а бизнис секторот ги почуствува негативните последици. Политичката криза го загуши бизнис секторот и економијата во Македонија. Истражувањата во светот покажуваат дека политичката нестабилност го намалува економскиот раст. Дека оваа нестабилност се одрази врз економските активности на бизнисот во Македонија може да се забележи и од учеството на бизнис секторот во економскиот раст (графикон еден). Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), евидентно е дека економскиот раст во минатата година беше поттикнат од државните инвестиции, главно во градежништ

Политичката криза почна да ја разорува економијата

Светска Банка донесе одлука да ја прекине втората фаза од Програмата за подобрување на општинските услуги во Македонија со која требаше да се обезбедат заеми за инвестиции во инфраструктурата во 57 општини во земјава (снабдување со вода, канализација, управување со цврст отпад, локални патишта, подобрување на енергетската ефикасност на општинските згради и друга општинска инфраструктура со висок приоритет). За да се реализираат овие планирани проекти, Владата и општинските власти ќе треба планираните средства да ги обезбедат од други извори, или во најлош случај, да се откажат од нивна реализација. Но, спорна е и првата опција, финансирање на проектите од други извори. Веќе почнаа да доаѓаат „закани“ за целосно стопирање на кредитирањето и од Европската Комисија и други институции под надлежност на ЕУ. Во ваква ситуација, задолжувањето на странски пазар и позајмување пари од приватни инвеститори е опција за прибирање на потребните средства за реализација на планираните активности. Н