Skip to main content

Posts

Инвестиции и состојби во Македонското здравство

Зголемени инвестиции во здравство Буџетските средства наменети за Министерството за здравство континуирано се зголемуваат. За пет години, владините инвестиции во здравството пораснале за 3.7 милијарди денари, или од 0.49% од БДП во 2010, на 1.05% во 2015 година . Графикон 1 : Буџет на Министерство за Здравство Најголем дел од расходите на министерството се трошат за финансирање на трите главни програми: капитални инвестиции, превентивна здравствена заштита и куративна здравствена заштита. Куративната здравствена заштита вклучува бесплатни мерки за лекување на одредени заболувања и превенција и унапредување на здравјето на населението, а особено за ранливите категории на граѓани. Покрај зголеменото финансирање на буџетот на МЗ, во изминатите пет години се забележани и значајни измени во структурата на расходите. Имено, до 2012 година, приоритетни биле капиталните инвестиции, со оглед на тоа што над 40% од вкупните расходи се издвојувале за финансирање на овие инвестиции...

Кога економијата е жртва на политиката

Политичката криза трае веќе една година. Проекциите за економскиот раст за минатата година беа надолно ревидирани од сите релевантни институции (ММФ; Светска Банка, НБРМ). За изненадување, годината ја завршивме со раст повисок од ревидираните проекции. И помисливме дека домашните бизнисмени се пожилави од тоа што сме процениле, а кризата ги зајакнала. Сепак, повисокиот раст се должеше на зголемената државна интервенција а бизнис секторот ги почуствува негативните последици. Политичката криза го загуши бизнис секторот и економијата во Македонија. Истражувањата во светот покажуваат дека политичката нестабилност го намалува економскиот раст. Дека оваа нестабилност се одрази врз економските активности на бизнисот во Македонија може да се забележи и од учеството на бизнис секторот во економскиот раст (графикон еден). Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), евидентно е дека економскиот раст во минатата година беше поттикнат од државните инвестиции, главно во градежништ...

Политичката криза почна да ја разорува економијата

Светска Банка донесе одлука да ја прекине втората фаза од Програмата за подобрување на општинските услуги во Македонија со која требаше да се обезбедат заеми за инвестиции во инфраструктурата во 57 општини во земјава (снабдување со вода, канализација, управување со цврст отпад, локални патишта, подобрување на енергетската ефикасност на општинските згради и друга општинска инфраструктура со висок приоритет). За да се реализираат овие планирани проекти, Владата и општинските власти ќе треба планираните средства да ги обезбедат од други извори, или во најлош случај, да се откажат од нивна реализација. Но, спорна е и првата опција, финансирање на проектите од други извори. Веќе почнаа да доаѓаат „закани“ за целосно стопирање на кредитирањето и од Европската Комисија и други институции под надлежност на ЕУ. Во ваква ситуација, задолжувањето на странски пазар и позајмување пари од приватни инвеститори е опција за прибирање на потребните средства за реализација на планираните активности. Н...

Невозвратена љубов од државата

„ Синот никогаш не сакаше да замине, секогаш велеше јас не сакам да живеам во странство. Ама , немаше доволно пари за живот овде, и мораше да замине “ – раскажува мајка на иселеник во рамки на интервјуата направени од Finance Think во рамки на проектот „Миграцијата како социјална заштита: Анализа на македонски, албански и српски домаќинства што примаат дознаки“ поддржан од Регионалната Програма за Унапредување на Истражувањето.   Точно е. Сите заминале заради невозвратена љубов. Но, не љубов од човек на човек, туку љубов од држава (Македонија) на човек. Државата и институциите не успеале да ги „згрижат“ овие луѓе и да им обезбедат елементарни услови за живот, па истите морале да бараат љубов од друга земја. Длабинските интервјуа на 20 испитаници кои имаат најмалку еден член од семејството што живее и работи надвор од државава, покажаа дека сите се исселиле заради економски мотив. Неможноста да се најде работа и лошиот квалитет на живот се примарни причини што ги натерале ови...

Зголемување на пензиите, потреба или ирационалност?

Исплатените пензии во месец септември беа за 621 денар повисоки од претходните. Дополнително зголемување на пензиите е предвидено во дополнетиот предлог буџет за 2016 година. Додека 297.179 пензионер во земјава (ПИОМ) се радуваат на ваквото покачување, во јавноста се разгорува дебатата дали овој чекор на владата е потребен, рационален, издржан и во право време.  Неколку насоки на размислување кои укажуваат на нерационалноста за зголемување на пензиите, се следните:  Прво, пензиите се зголемуваат со повисока стапка на раст од домашната економија. Растот на економијата во тековната и изминатата година е околу 3 %,  додека растот на пензиите е 5%, што го надминува капацитетот на економијата. Графикон 1 покажува дека ваквиот „неусогласен“ тренд започнал во периодот после 2008 година, кога покрај еднократното зголемување на пензиите, скоро сите редовни усогласувања на пензиите се поголеми од растот на економијата. До 2008 година, економијата во просек растела за 3,1% а ...

Колку јавната администрација ја чини државата?

Во изминатиот период актуелна е темата колку има вработени во јавниот сектор. Со оглед на тоа дека нема конкретни информации на тоа колку луѓе се вработени во јавната администрација, бројките се енигма. Многубројните огласи за вработување на Агенцијата за Администрација создаваат слика дека државата е впрочем и најголемиот работодавач и двигател на вработеноста во Македонија. Но, покрај квантитетот на огласите, јавниот сектор е атрактивен и од аспект на плата. Вработените во јавната администрација во просек добиваат 18% повисока плата од просекот на цела земја. Според Државниот Завод за Статистика, просечната нето-плата по вработен во 2014 била 21.393 денари, додека просечната плата во јавната администрација и одбраната изнесувала 25.252 денари. Следствено, се појавува прашањето колку ја чини државата јавната администрација? Во просек, на годишно нивно, државата троши околу 22 милијарди денари за плати и надоместоци на јавната администрација. Иако, овој издаток не забележува драстичен...

Испратени пари

Во потрага по парче леб и подобар живот, дури 247 милиони луѓе во светот живеат и работат надвор од својата татковина и во 2014 година им испратиле 436 милијарди долари на своите семејства што останале да живеат дома. Во Македонија, во 2014 година, влегле 367 милиони долари по основ на дознаки, што е  најмал износ во однос на примените дознаки во земјите од регионов. Но тоа не значи дека овој износ не е доволен, бидејќи истиот изнесува 3.7% од БДП и е далеку поголем од примените странски директни инвестиции и официјалната развојна помош, 127 и 252 милиони долари соодветно. Тоа значи дека државата ужива големи придобивки од овие средства и токму таа треба правилно да го канализира и поддржи засега неискористениот развоен потенцијал на овие средства.  Графикон: Примени дознаки во 2014 година Но, не „ужива“ само државата. Најголеми придобивки од примените дознаки имаат токму примателите на овие средства. Во земјава, 20% од семејствата примаат, во просек, по 25...