Жителите на општините Прилеп и
Долнени имаат на располагање голем број социјални услуги во делот на социјална
превенција, вонинституционална и институционална заштита, согласно законската
регулатива. Но, нејзиното спроведување на терен ги открива слабостите и
просторот за подобрување на испораката и искористеноста на услугите. Жителите
на општина Прилеп може во целост да ги добијат само услугите во делот на
социјална превенција, преку Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Прилеп,
но во делот на (вон)институционална заштита, достапни се социјални услуги само
за три ранливи категории граѓани, и тоа: лица со посебни потреби, лица со
церебрална парализа и стари лица. За жителите на
општина Долнени, пак, горенаведените услуги не се достапни на нивната
територија, па тие мора да ги користат на територија на општина Прилеп, што
значи дополнителни трошоци за пат и време. Дополнително, жителите на општина
Долнени се неинформирани за расположливите социјални услугите, поради тоа што
ЦСР Прилеп нема физичка канцеларија во оваа општина. Дел од социјалните услуги
се нудат од Општина Долнени и граѓански организации, во рамки на проекти
помогнати од меѓународни институции, но ова не го решава недостигот од
социјални услуги на долг рок, бидејќи тие се пружат само за времетраењето на
проектот и потоа најчесто престануваат со работа.
Сепак, оние услуги што им се
достапни на жителите на овие две општини, во делот на вонинститутционална и
институционална заштита, се навистина квалитетни. Штитениците на Домот за стари
лица Киро Крстески Платник – Прилеп искажаа големо задоволство: „Јас сум презадоволна, јадењето е добро,
сите се дружиме, се забавуваме. Не посетуваат разни лица, кога имам потреба
можам слободно да излезам од домот, да одам на гости, да шетам“.Во однос на храната, велат: „Јас сум на
инсулин, и кога на другите им даваат блага кифла, мене ми даваат солена.
Наместо бел, ми даваат црн леб. Ми даваат
незасладени чај и млеко.“ „Храната е разновидна, има за сечиј вкус.“ Менаџментот
на Домот е посветен на подобрување на услугите што ги нуди оваа институција
преку реконструкција на постојната столарија, врати и прозорци, активација на постојниот
систем за соларна енергија и набавка на машини за перење алишта и садови.
Дневниот центар за лица со
посебни потреби Ѕуница го посетуваат 19 деца, кои добиваат активности за
стекнување животни и работни вештини, социјални, културни и рекреативни
активности, едукација и социјална поддршка. Родителите на овие деца се многу
задоволни од услугите што им се пружаат: „Овде
се едуцираат, стекнуваат хигиенски навики, учат да комуницираат, едноставно се
социјализираат“; „Ги носат на еднодневни екскурзии, и тоа бесплатно. Беа
Крушево, беа Битола. Само така имаат можност да прошетаат негде. Ние не можеме
да им го пружиме тоа.“ Големо е задоволството и од односот на вработените
лица, но и родителите и вработените ја истакнуваат потребата од дополнителни
вработувања во овој центар: „Презадоволни
сме од наставничките, како работат со децата, како ги воспитуваат“; „Фалат
вработени, овие четири не можат да стасаат. Има и потешки деца, им треба повеќе
внимание“ – велат родителите. „Со
овој капацитет не сме спремни за индивидуална работа и да извлечеме максимум.
Новоотворениот Центар за лица
со церебрална парализа пак, има капацитет за 25 лица, но во моментот го
посетуваат 15 лица, поради недоволната информираност и скептицизмот за
функционирањето на овој центар. Тие 15 лица, секојдневно добиваат физикална
терапија, се едуцираат и социјализираат по најсовремени програми,
имаат два оброци и обезбеден превоз до и од нивниот дом. Мајка на дете што го
посетува овој центар вели: „Јас и моето
дете сме презадоволни. Секогаш дома се враќа насмеана, среќна, исполнета, што
за мене е најважно од се.“
Сепак, во Прилеп и Долнени
недостигаат социјални услуги за многу други ранливи категории лица. Според
претставник на Центарот за социјална работа Прилеп: “Прифатилиштата ни се потребни за деца на улица, за бездомници, за лица
кои во даден момент како жртви на семејно насилство треба да ги згрижиме, зимно
време да ги затоплиме, нахраниме, а во крајна линија физички да ги заштитиме од
сите насилници.”
Автор на текстот е истражувач од Институтот за економско истражување и политики FINANCE THINK - Скопје, кој го спроведува проектот „360о мониторинг на испораката на социјални услуги на локално ниво: Искуства од општините Прилеп и Доленени“ финансиран од Европска Унија, Фондација Отворено Општество-Македонија и Евротинк - Центар за европски стратегии. Содржината е единствена одговорност на Finance Think и на ниту еден начин не ги одразува гледиштата на Европска Унија, Фондацијата Отворено општество – Македонија и Евротинк-Центар за европски стратегии.
Ова сведоштво го споделувам со партнерите кои страдаат во нивните врски бидејќи постои трајно решение. Мојот сопруг ме остави мене и нашите две деца за друга жена три години. Се обидов да бидам силна само за моите деца, но не можев да ја контролирам болката што го мачеше моето срце. Бев повреден и збунет. Ми требаше помош, па истражував на интернет и наидов на една страница каде што видов дека д-р Елен, која работи на правопис, може да помогне да се вратат саканите. Ја контактирав и таа ми направи посебна молитва и магии. На мое изненадување, мојот сопруг повторно се врати дома по 2 дена. Така се обединивме и имаше многу љубов, радост и мир во семејството. Можете исто така да контактирате со д-р Елен, моќен магија за решенија
ReplyDelete1) Врати се дечко
2) Повторно обединете маж или жена
3) Ако имате кошмари
4) Исцелување на ХИВ и рак
5) Моќен магичен прстен
6) Магија за среќа
7) Раскинување на опсесијата
8) Проблеми со породувањето и бременоста
9) среќен лотарски број
Контакт преку е-пошта: ellenspellcaster@gmail.com Можете исто така да го Whatsapp +2349074881619