Банкарските системи од Централна и Југоисточна Европа се сочуваат со зголемени ризици по финансиската стабилност. Карактеристично за цел регион е што стапката на нефункционални кредити бележи тренд на раст. Банкарскиот систем на Словенија е со најголема опасност, каде нефункционалните кредити на агрегатно ниво на крајот од 2012 година беа околу 16%. Но, позначајно е што кај трите најголеми банки, нефункционалните кредити од стапка под 16% во 2011 година пораснале на над 20% во 2012 година. Дополнително, профитабилноста во земјите од регионот е ниска, а во Словенија банкарскиот систем има и загуби. Така, банкарскиот систем се соочува со ризик од недостаток на капитал за покривање на проблематичните кредити и со ризик од несолвентност. Според истражувањето и направената сензитивна анализа (што претпоставува целосен отпис на нефункционалните кредити) од ЕУРОПА, на агрегатно ниво, со недостаток на капитал би се соочиле Црна Гора, Литванија и Унгарија. Според истото истражување...