Жителите на општините Прилеп и Долнени имаат на располагање голем број социјални услуги во делот на социјална превенција, вонинституционална и институционална заштита, согласно законската регулатива. Но, нејзиното спроведување на терен ги открива слабостите и просторот за подобрување на испораката и искористеноста на услугите. Жителите на општина Прилеп може во целост да ги добијат само услугите во делот на социјална превенција, преку Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Прилеп, но во делот на (вон)институционална заштита, достапни се социјални услуги само за три ранливи категории граѓани, и тоа: лица со посебни потреби, лица со церебрална парализа и стари лица. За жителите на општина Долнени, пак, горенаведените услуги не се достапни на нивната територија, па тие мора да ги користат на територија на општина Прилеп, што значи дополнителни трошоци за пат и време. Дополнително, жителите на општина Долнени се неинформирани за расположливите социјални услугите, поради тоа што ЦСР