Skip to main content

Posts

Showing posts from June, 2016

Кога економијата е жртва на политиката

Политичката криза трае веќе една година. Проекциите за економскиот раст за минатата година беа надолно ревидирани од сите релевантни институции (ММФ; Светска Банка, НБРМ). За изненадување, годината ја завршивме со раст повисок од ревидираните проекции. И помисливме дека домашните бизнисмени се пожилави од тоа што сме процениле, а кризата ги зајакнала. Сепак, повисокиот раст се должеше на зголемената државна интервенција а бизнис секторот ги почуствува негативните последици. Политичката криза го загуши бизнис секторот и економијата во Македонија. Истражувањата во светот покажуваат дека политичката нестабилност го намалува економскиот раст. Дека оваа нестабилност се одрази врз економските активности на бизнисот во Македонија може да се забележи и од учеството на бизнис секторот во економскиот раст (графикон еден). Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), евидентно е дека економскиот раст во минатата година беше поттикнат од државните инвестиции, главно во градежништ