Милионер, колку добро звучи. Тоа е човек чиешто нето богатство е еднакво или надминува еден милион единци од одредена валута. Тоа е најпосакуваниот епитет, кој прв пат е употребен во 1719 година, во Франција. Дефиницијата ја знаеме сите, а потеклото на зборот и не е толку битно. Нам ни треба рецептот за да го заслужиме овој епитет. т.е. начинот да станеме милионер. Иако постоеше многу лесен начин да се стане милионер, само да се одговори точно на 20тина прашања, сепак никој не успеа. Тоа само ни докажа дека патот до милионот и не е така лесен. Тоа ќе го потврдат и најбогатите луѓе на светот, кои објаснуваат дека своето богатство го стекнале со многу труд, знаење, ризик. Карлос Слим, Ворен Бафет, Бил Гејтс. Ви звучат познато? Се разбира, сите сакаме да се најдеме во нивно друштво. Да, тоа се луѓето кои седум години во континуитет се наоѓаат на првите 3 места најбогати луѓе на светот според американскиот бизнис магазин „Форбс“. Иако дејствуваат во различни области: финансии, ...