Skip to main content

Posts

Showing posts from 2014

КОГА НЕ МОЖЕШ ДА ОДОЛЕЕШ

Се раздвижи пазарот на кредити. Според Владата, како резултат на својот проект „Купи куќа – купи стан“, а според експертите како резултат на закрепувањето на економијата. Напоредно со тоа, порасна задолженоста на македонските домаќинства. Во октомври годинава, нивната вкупна кредитна задолженост изнесува рекордни 1.7 милијарда евра, што е за 11% поголема задолженост во однос на лани, односно за 50% поголема задолженост на граѓаните во однос на 2009 година. Податоците покажуваат раст на задолженоста со денарски кредити и пад на девизните кредити. Во вкупното кредитно портфолио, денарските кредити учествуваат со 94%, а само 6% од вкупните кредити се во странска валута.  Кога не можете да одлеете на новиот заоблен ЛЕД телевизор, на мирисот на новиот парфем на Валентино, на модерните чевли од Зара, и ред други работи без кои животот и понатаму нормално би течел, тука се тие, нивното Височество, банките. Исто како фамозниот Дедо Мраз, тука се да ги исполнат сите ваши желби. На п

Кратка черга

Народот рекол: “Пушти си ги нозете колку што ти е долга чергата“. Или, троши онолку колку што имаш. Го почитува ли ова и државата кога ги троши буџетските средства? Многу економски експерти сметаат дека буџетски дефицит до 3% од БДП не само што не е лош индикатор, туку истиот овозможува раст и експанзија на економијата. Но, на македонската „черга“ се пуштиле малку подолги „нозе“. Според податоците презентирани на графикот, буџетскиот дефицит за 2014 година се очекува да биде 3,7% од БДП и бележи пораст за околу 1.5 процентни поени од 2012 година до денес, споредено со периодот пред тоа.  Прашањето е што го генерираше ваквиот дефицит во годините после кризата, пониски приходи или поголемо трошење? На страната на приливите забележан е забавен раст на даночните приходи, како резултат на негативниот ефект врз потрошувачката и намалените приходи од ДДВ. Од друга страна, капиталните приходи бележат пораст, што најмногу се должи на продажбата на државното земјиште по поволни це