Нови, но непланирани мерки за подобрување на социјалниот статус на неколку групи граѓани, се воведоа последниов месец. Таблети за ученици, зголемени плати за полицијата, социјална помош, стипендии и нови мерки за вработување..., мерки кои ќе го чинат буџетот најмалку 500 милиони денари, што изнесува околу 0,3% од вкупните расходи. Дискутабилно е дали овие средства се многу или малку, но потребно е да се знае какви ефекти ќе предизвикаат врз корисниците и од каде ќе се финансираат. Најавата за поголема социјална помош веројатно ќе израдува широка маса граѓани, но реално ова покачување нема да го реши проблемот со сиромаштијата, ниту пак ќе ги реши проблемите на сиромашните лица. Потребни се поструктурни промени како овозможување еднакви можности за најсиромашните, зголемување на нивната инклузија во општеството, поттикнување на нивната вработливост и градење вештини и најзначајно, зголемување на можностите за образование. Кај можностите за образование, наместо мерки фокусирани на ...