Започна расправата за Буџетот за наредната 2014 година. До крајот на годината ќе бидеме сведоци на жестоки дебати по ова прашање. И само тоа. Само обични набљудувачи на расправата во Собранието. Иако во светот, во процесот на креирање и изгласување на Буџетот учествуваат не само владини претставници и парламентарци, туку и припадници на граѓанското општество, па дури и пошироката јавност, кај нас еден и единствен кој има ингиренции за изготвување и донесување на Буџетот е Министерот за финансии. Прва разлика. Основната цел на еден Буџет е да обезбеди повисок економски раст и поголема социјална стабилност во годината што следи. Односно, секој Буџет има две компоненти: развојна и социјална. Првата, развојната, е насочена кон постигнување на првата цел, повисок економски раст, а социјалната компонента треба да обезбеди повисока социјална стабилност во однос на претходните години. Во светот, развојната компонента вклучува инвестиции во патишта, болници, училишта, студентски домови, а ...