Дел од последиците на големата депресија од минатиот век се припишуваат на масовното повлекување на депозити. Од поблиската иднина, масовно повлекување на депозити имаат искусено Шпанската банка “Banesto” и Малезиската “ MBf Finance Berhad” во 90 тите години, а при последната финансиска криза од 2008 година банкротираа повеќе банки. Трошоците за спасување на банките и банкарските системи се огромни. Според статистиката на Меѓународниот Монетарен Фонд, санацијата на банкарските системи достигнува и до 57% од БДП (случајот на Индонезија). Масовното повлекување на депозити е причината за банкротства на банки но и извор за финансиска криза. Масовното повлекување на депозити настанува поради недоверба на штедачите за сигурноста на нивните депозити. Може да биде случај на индивидуална банка, но и поретки но неисклучени масовни повлекувања на депозити во цел банкарски систем. Во случаи на општо масовно повлекување на депозити, постои ризик од целосно банкротство на банкарскиот ...